Фудбал

Тетка Ива - жената амајлија која секогаш е со хрватската репрезентација

Таа ги знае сите тајни на најдобрите хрватски фудбалери, светски вицешампиони. Почнала да работи на „куцача“ машина па кога им донеле компјутер мислеле дека работат со вселенски брод. Сите играчи ја сакаат и многу ја почитуваат, а таа им спрема идеални услови каде и да одат.

Претседателот на Либерија на честитање кај син му кој стана осминафиналист со САД

Легендарниот напаѓач на Милан, Жорж Веа кој во 1995 ја освои Златната топка, а во 2018-та стана претседател на Либија, се наоѓа во Катар за да го бодри син му Тимоти Веа кој со САД се пласираше во нокаут фазата. Покрај САД, 21 годишниот напаѓач, поради државјанстава на неговите родители, имал право да ги претставува и една од селекциите на Франција, Јамајка и Либерија. Инаку член е на Лил од 2019-та.

Како ли стигна Хари Мегваер во парламент на Гана

Расправа за буџетот на Гана, сериозна африканска земја со 31 милион жители. Ама и таму како и секаде, во парламент изгледа седат дремкури кои се јадат едни со други позиција-опозиција.

Рекордерот меѓу македонските новинари со 9 Мундијали

Тој е поранешен фудбалер на неколку екипи како Три Чешми и Плачковица, како и прв новинар кој добил интервју од Христо Стоичков на враќање од СП САД 1994 и тоа во авион, кога Бугарите стигнаа до полуфинале.

Кој е блескавиот Аргентинец со британско презиме кој игра супер Светско

Еден од хероите на вредниот триумф на Аргентина над Полска (2:0) е 23-годишниот Алексис Макалистер, фантастичен фудбалер за кого многу гледачи никогаш не слушнаа пред Светското. Да го запознаеме од близу.

„Така и неправедно дојдоа на Светско, не со игра на терен туку со политички игри“

Општ заклучок после синоќешната вечер на Мундијалот е дека репрезентацијата на Полска со анти-фудбал, без никаков обид да направи нешто повеќе подалеку од својот шеснаесетник, оди во следна рунда сосема незаслужено.

А што беше муабетот со жолти картони?

Вчерашниот ден донесе фантастична драма на Светското првенство. Во групите Ц и Д имаше луд развој на настаните. Тунис ја победи Франција 1-0 но не се пласираше понатаму. А во 95-та минута во групата Ц не се знаеше кој јаде кој пие.

Ти да видиш во Виетнам на какви маки беа кога им дојде Борусија Дортмунд

Во ек на Светско, на Виетнам на гости на пријателска им доаѓа Борусија Дортмунд. Го добиваат 2:1 со пенал на крај, ама пред пеналот циркузи, голманот на загревање ја откорна несакајќи пречката.

Влаховиќ: Тоа се глупости и небулози на искомплексирани и исфрустрирани луѓе

Во пресрет на клучниот дуел на Србија против Швајцарија кој се игра во петок од 20 часот, во Србија на големо се зборува за љубови афери на фудбалерите. Најспоменуван е Душан Влаховиќ кој наводно спиел со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ. Шпицот на Јуве ги демантираше муабетите и рече дека најголем проблем е што тие луѓе во моментов работат спротивно на интересите на репрезентацијата.

Бомбастичен гол на Мексико, еден од најубавите на Мундијалот

Акробацијата на Ришарлисон, лобот на Абубакар, слободниот удар на Рашфорд. На овие топ 3 најјаки голчишта во Катар, вечерва им се придружува и Луис Чавез.

Полска загуби од Аргентина и пак се радува на осминафинале, Мексико и со победа трагичар

Мундијалот во Катар носи сè повеќе трилер завршници. Аргентина ја совлада Полска, која едвај куртули и избегна елиминација и покрај поразот и победата на Мексико против Саудиска Арабија. Секунди беа во прашање кога ќе се броеше кој ќе стане осминафиналист со помалку жолти картони. Шчесни му одбрани пенал на Меси.

Тунис го сруши светскиот првак, но во осминафинале оди Австралија

По неочекуваните порази на Аргентина и Германија, совладана е уште една голема селекција која е фаворит за златото. Селекцијата на Тунис направи сензација против Франција која истрча со втор тим, а на Гризман му поништија гол со ВАР во 98-ма минута. Победата е пирова, бидејќи Австралија победи против Данска за пласман во топ 16.

А го видовте ли лажниот Нејмар?

И покрај строгите безбедносни мерки на стадионите, царот влезе без некаква акдредитација или пропусница и успеа да ги убеди на врата дека е Нејмар, а потоа фати да се слика со луѓе. Никој не го позна дека е фејк. Плукнат е на бразилската ѕвезда. Копија.

Убавата приказна за Палестинец, селекторот на Бразил и внук му

Светското првенство во Катар поминува мирно, добар фудбал се игра на терен, а забавно е на трибини и надвор од стадиони. Симпатична приказна стигна од бразилската база.

Ве поздрави Лимени од кафана

На Светислав Стевановиќ - Лимени, тренер на Раднички од село Ратково, не му попуштија ни живците, ни гласните жици. Уште вика „Миланееее, Драганеееее“, овој пат во комбинација со познатата српска песна каде се опејуваат тие две имиња. Не може да не ја знаете оваа легенда.

Зошто Јапонците чистат сè педантно, соблекуваат чевли во театар и имаат предмет чистење

Феноменот „јапонски навивачи прават аптека на фудбалски стадиони“ видно светот го забележа на Светското првенство 2018 во Русија. После секој меч ја правеа пиц-пец трибината на која седеа тие, но и противничките навивачи. Сега истото педантно го прават и во Катар. Од каде таа прекрасна навика?

Преносливиот стадион „974“ кој од Катар треба да патува за Уругвај

Стадионот е направен од 974 модифицирани транспортни рециклирачки контејнери кои се сместени во челичната рамка. Неговиот начин на изградба и структура го прават уште по уникатен, а тоа е можноста за негово трансформирање и преселба во друга земја во светот како дел од т.н. грижа за зелена околина и ефикасна потрошувачка на енергија.

Што има денес на Светско првенство?

На Мундијалот нов ден и нови мега дуели за пласман во следна фаза каде има уште слободни места. Денес се играат натпревари од трето коло во групите Ц и Д.

Американско иранска прегратка во Катар

Во мечот меѓу двете земји кои е познато дека не се во добри односи, фудбалерите со убав пример за светот во овие турбулентни времиња. Ентони Робинсон се обидува да го смири Рамин Резаијан после елиминацијата на Иран од САД.

Првиот човек на ФИФА дрско исвиркан од навивачите на Англија и Велс

Џани Инфантино го фатија камерите и доволно кратко го покажаа на видео бим, за да се чуе што мислат за него навивачите од островот.

Видео јавување на Игор Паневски од Доха за организацијата на Мундијалот

Македонскиот новинар во подкастот „Тоа е фудбалот“ ги пофали домаќините за организацијата на Светското. Катарците купиле 3.000 автобуси за пренос на 20.000 новинари. Ангажирале 5.000 турски полицајци и 200 припадници на елитните полициски сили на Франција. Проблем вели дека се строгите контроли на стадион поради кои многу бавно се влегува, како и ниските температури.

Денес играат Англија - Велс, зошто не игра Велика Британија туку играат одделно?

Во вторник вечер пласман во следна рунда ќе бркаат Англија и Велс. Англичаните се први во група со 4 бода и доволно им е само да не изгубат од соседите со гол разлика поголема од 4 гола. Велшаните имаат само 1 бод и им треба и победа против Англија и реми на другиот меч меѓу Иран и САД.

Него да се вратиме на ремек делото на Абубакар против Србија

Изненадени од резултатот 3:3, особено од пресвртите, по што следуваше читање изјави и анализи, кој, каде и зошто погреши за така лесно Србија да потклекне, како да не обрнавме доволно внимание на велемајсторскиот камерунски потег. Кој е момаков и каде играл до сега?

Вечерва на Светско ќе се судрат Иран и Америка, а тоа е повеќе од игра

После цели 24 години, на едно Светско првенство повторно ќе се сретнат Иран и САД, земји чии државни раководства водат жестоки политики едни против други и чиј дуел вечерва од 20 часот ќе биде борба за пласман во осминафинале на Мундијалот.