Несреќата меѓу градскиот трамвај и џипот на Имобиле се случила во Рим, а славниот фудбалер ги возел и децата кои се добри веднаш згрижени во болница.
Според првичните информации од италијанските медиуми, возачот на трамвајот е повреден и пренесен во болница со брза помош, а има уште осум патници кои поминале со полесни повредени.
Имобиле од лице место изјавил дека е добар и дека сударот се случил бидејќи трамвајот поминал на црвено. Истото го потврдува и сведок.
Лацио се огласи со непријатени вести за Маурицио Сари и навивачите. Чиро има скршено ребро.
„Медицинскиот тим на Лацио соопштува дека денеска по сообраќајната несреќа, Чиро Имобиле доживеал дисторзија на рбетот и фрактура на десното ребро. Фудбалерот останува под оспервација во одделот за итна медицина под раководство на професорот Франческо Франчески од Универзитетската болница Агостино Џемели во Рим“, стои во соопштението.
Газета дело Спорт пишува дека во зависност од скршеницата, опоравувањето на Имобиле ќе трае 10-15 и дека ќе го пропушти натпреварот со Торино, а веројатно и Интер.
Најдобриот стрелец во историјата на Лацио сезонава поради повреди пропушти над 40% од можната минутажа во Серија А.
Имобиле: Трамвајот помина на црвено.
Ciro's car is Immobile after he crashed into a tram!
— Football Transfers (@Transfersdotcom) April 16, 2023
Luckily nobody was injured 😰pic.twitter.com/nVXMIStDys
Incidente #Immobile, il testimone: «Ho visto l'auto arrivare e poi lo schianto, tanta gente sul #tram, l'autista a terra» #Roma pic.twitter.com/3iDMZYmyCx
— AGTW (@AGTW_it) April 16, 2023