Ѕаниоло со еврогол го засени хет-трикот на Икарди

Галатасарај е се поблизу до титулата во турската Суперлига откако синоќа со 6-0 го демолираше Кајзериспор. Три гола даде Мауро Икарди кој блеска по трансферот во Турција со 12 гола и двоцифрен број асистенции, но голот на вечерта го даде довчерашниот фудбалер на Рома Николо Ѕаниоло. Галатасарај има 66 бода на прво место и меч повеќе од Фенербахче кој е втор со 57 бода. Бешикташ е трет со 55 бода.

15 април 2023 - 12:24