Заспиј ако можеш во режија на Наполитанци

Фудбалерите на Наполи и Милан вечерва го играат најисчекуваниот реванш на сезоната досега во Лига на шампиони. Очите на цела светска јавност се свртени кон ова италијанско дерби. Росонерите допатуваа со гол предност (1-0) од првиот меч, ама немале дремка во хотелот на самото шеталиште пред морето.

Стотици навивачи на Наполи со коли, мотори, труби, огномет и разни петарди правеле голема галама пред хотелот каде биле сместени фудбалерите и стручниот штаб на Милан.

18 април 2023 - 08:37