Фудбал

Џабе ви се Марсело и Хамез Родригез, кога во напад тргнува Рамил Шејдајев

Азербејџанскиот клуб Карабаг некогаш служеше за поправање на гол разликата на познатите клубови во еврокуповите. Но во последните неколку сезони е сосема поинаку. Карабаг синоќа среде Пиреја го згроми Олимпијакос со 0-3 и ја продлабочи тешката криза во грчкиот шампион кој има 3 порази на 3 меча во Лига Европа а заостанува и во домашното првенство.

Клаудио Браво на 39 години ја има парадата на сезоната против Дибала

Бетис ја совлада Рома на Олимпико 1:2 и тоа со пресврт и има 3 од 3. Клаудио Браво ептен му го расипа ќеифот на Дибала кој ќе го имаше еден од најјаките голови сезонава во Лига Европа. Коментаторот повторуваше браво Клаудио, браво Клаудио и во еден момент се поднасмевна под брк.

Бразилецот Пакета направи потег со кој ги импресионираше колегите од Вест Хем

Во јануари 2019-та, Милан му плати на Фламенго 35 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета. Од таму замина во Лион, а сезонава е член на Вест Хем. Погледнете му го приемов на топка од синоќа од против Андерлехт, како и реакцијата на соиграчите на клупа.

Соопштение за медиуми на македонски фудбалски четвртолигаш

И ФК Славија од Пржино има нешто да каже за спорната ситуација на мечот Интер - Барселона во Лига на шампиони. Да ги проследиме.

Роналдо од 5 метри не може да го погоди голот

Со двата гола на Рашфорд и еден на Марсијал, Манчестер Јунајтед ја доби Омонија Никозија на гости со пресврт од 1:0 во прво, 2:3 конечен. Роналдо го одигра цел меч и продолжува да стагнира сезонава со 9 настапи и само 1 гол на сите натпреварувања.

Какво голчиште на Канга од Црвена Звезда

Фудбалерите на Црвена Звезда со 4-1 го совладаа унгарски Ференцварош во рамки од 3. коло во Лига Европа, а три гола од овој дуел беа прилично ефектни. Најубав сигурно беше оној на Габонецот Гејлор Канга, во негов стил, од повеќе од триесет метри во агол.

Колку моќна средба е ова

И кога сме кај Ајакс - Наполи (1:6), пазете го видеово. Јохан Кројф (1947-2016) и Диего Марадона (1960-2020), великани без кои никогаш немаше да биде иста историјата на Ајакс и Наполи. Првиот има освоено 18 трофеи од кои три по ред во ЛШ. Вториот ги донесе единствените две Скудета во Неапол, како и Купот на УЕФА и Куп и Суперкуп на Италија.

Како изгледаше дебито на Роналдо (правиот) за Реал Мадрид

На денешен ден или пред точно 20 години, на 6-ти октомври 2002-та Луис Назарио да Лима за првпат настапи во дресот на Реал Мадрид. Дебитираше против Алавес и даде 2 гола за 14 минути.

Прекрасен гест на навивачите на Севиља за Лопетеги

И покрај тоа што Севиља сезонава е непрепознатлива со само 5 бода по 7 кола во Ла Лига и 1 бод по 3 кола во ЛШ, Хулен Лопетеги го доби целосно заслужениот респект од навивачите. Дебаклот од Борусија (1:4) значеше крај за него кој и официјално му го соопштија после мечот.

Најчудната тетоважа во светот на фудбалот

Кај фудбалерите обично модата доаѓа на бранови, па така ако некоја ѕвезда промовира хит фризура или се бланшира, ете ги стотици како крдо исто фарбани следниот викенд. А исто е и со тетоважите, со тоа што има такви кои се решаваат за луди одлуки. Како на пример 36-годишниот уругвајски голман Себастијан Соса кој цела кариера ја помина во Јужна Америка и никогаш не бранеше во Европа.

Пусти Раде се исплаши гол да не даде

Милан беше во подредена улога на Стемфорд Бриџ, ама имаше и една многу зрела шанса која не се пропушта на вакви мечеви. По одличниот продор на Леао, младиот Шарл де Кателаре кој го купија од Клуб Бриж не успеа да го постигне деби голот. Кепа му ја обдрани, а Круниќ ја префрли преку стадион.

Македонија падна на ранг листата на ФИФА

По двата порази во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација очекувано клизна на најновата ранг листа на ФИФА.

Пандев за Суперкупот против Јувентус: Ни го украдоа мечот, само така можеа да победат

Италијанските медиуми не го оставаат на мира Гоче и откако се пензионираше. По големиот триумф на Наполитанците над Ајакс од 1:6, интервју даде за Радио Кис Кис Наполи.

Новиот прекрасен гол на Меси, во моментов има 8+8 на 13 меча

Бенфика и ПСЖ одиграа 1:1, си поделија по бод кој до крајот од групната фаза многу лесно би можел да значи дека и двете екипи ќе одат понатаму, а Јувентус да се задоволи со трето место и Лига Европа. Парижаните први поведоа на „Луж“ со прекрасниот гол на Лео Меси во негов стил. Права магија по акцијата со Нејмар и Мбапе.

Халанд стигна и среде напад да му го даде спрејот на судијата

Норвешкиот џин е хит во светскиот фудбал. Иако својата класа ја докажа во репрезентацијата на Норвешка, во Салцбург и Борусија Дортмунд каде се изнадава голови, сега игра на највисоко ниво со Манчестер Сити каде прави попара. Во триумфот 5-0 над Копенхаген даде два гола со што уште го набилда учинокот од стартот на сезонат.

Цел Бернабеу аплаудираше на потегот на Винисиус

Што ти е Бразилец, со еден потег изеде двајца. Од времето на Роналдињо во Барса нема вакви дриблинзи.

Влаховиќ му ги чистеше копачките на докторот за асистенции кој го помина Меси

Јувентус стигна до првата победа во ЛШ, а една од најголемите заслуги за тоа одат кај човекот кој е многу блиску да стане најдобар асистент во историјата на европското натпреварување.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

Челси го разби десеткуваниот Милан, Халанд и Влаховиќ пак решетаа

Новиот менаџер на Челси, Грем Потер триумфално го заврши вториот меч во Лига на шампиони во кариерата, откако вечерва со 3:0 го победи италијанскиот шампион Милан кој во Лондон допатува без реиси пола првотимци. 

Наполи даде 13 гола на само 3 меча во ЛШ, лидер е во Серија А и ги скрши Ливерпул и Ајакс

Veni. Vidi. Vici. Наполи дојде во Амстердам и просто го декласираше Ајакс со 1:6, нанесувајќи му го најтешкиот пораз во историјата на евро настапи.

Хитот во Европа Клуб Бриж - 9 од 9, лидер им е млад анонимен Шпанец

Најголема сензација во Лига на шампиони досега сезонава е белгиски Клуб Бриж кој во исклучително силна група со Атлетико Мадрид, Порто и Баер Леверкузен има 9 бода од можни 9 со гол разлика 7:0. Во вторникот вечер го врзаа и Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне.

ВАР циркусот во Порто

На мечот меѓу Порто и Баер Леверкузен, домаќинот дава гол после сјајна контра, ама англискиот судија Ентони Тејлор решава да прегледа ВАР снимка од претходната акција на Леверкузен и наоѓа пенал. Патрик Шик мести топка да го изведе.

Јуначки старт на Костас Цимикас кој спаси чист гол

Глазгов Ренџерс на 5 минути до крајот скоро и да постигна гол на гостувањето на Енфилд, ама Гркот полета на терен и резултатот остана 2:0.

Алексис Санчез мајсторе и ти ли почна празни голови да промашуваш?

Чилеанецот одлично ја почна француската авантура и по 9 настапи за Марсеј има 5 гола. Синоќа го израмни резултатот против Спортинг и неговиот тим славеше со 4:1 за прва победа во ЛШ. Но во еден момент нишанот му беше изместен.