Чукарички поведе со 0-1 против Црвена звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во големото финале на српскиот Куп по фантастичниот гол на капитенот на гостите Марко Доциќ директно од корнер. До крајот на мечот црвено-белите кои играа пред своите навивачи направија пресврт и со два гола на Александар Пешиќ стигнаа до Куп трофејот и двојна круна во домашните натпреварувања. Црвена звезда во новата сезона ќе игра директно во групна фаза на Лига на шампиони.