Њукасл ќе игра во Лига на шампиони после 21 година, каков им беше претходниот настап?

Благодарение на ремито 0:0 со Лестер, Њукасл и официјално и теоретски обезбеди пласман во групна фаза од Лига на шампиони. Првпат ќе играат еврокуп од сезоната 2003/2004 кога испаднаа во баражот од белградски Партизан на пенали на својот стадион.

Сезона пред онаа во која Ширер и другарите испаднаа по пеналот на сега веќе култниот Миливоје Ќирковиќ, Њукасл играше во Лига на шампиони и направи необични резултати.

ГИ ИЗГУБИЈА ПРВИТЕ ТРИ МЕЧА, НО ОБЕЗБЕДИЈА ПЛАСМАН ПОНАТАМУ

Во групната фаза на Лига шампиони, Њукасл го внесе легендарниот сер Боби Робсон кој седна на клупата на „црно-белите“ во септември 1999-та. Пред Робсон „страчките“ два пати по ред финишираа на 13-то место, па управата и навивачите сакале нешто повеќе.

Во првите две сезони под големиот сер Боби Робсон немале драстичен прогрес - два пати завршиле на 11-то место. Но кога веќе екипата се навикнала на фудбалот и методите на Боби Робсон, во сезона 2001/2002 Њукасл завршил во Топ4, само зад гигантите Ман. Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.

Третата квалификациска рунда Њукасл ја помина лесно со босански Железничар и влезе во група со Јувентус, Динамо Киев и Феенорд.

Првите два меча „страчките“ ги загубија“ од Динамо во Киев (2:0) и од Феенорд дома (0:1) на „Сент Џејмс Парк“.

Очекувано изгубија и од силниот Јувентус. Поразот во Торино значеше и незгодна положба за Њукасл затоа што никогаш во историјата претходно една екипа со дури три стартни порази не поминала понатаму.

„Бевме разочарани. Многу се трудевме да влеземе во Лига на шампиони, па беше многу непријатно да се изгубат првите три натпревари. Имаше амбиент како се да е готово а уште не почнато. Атмосфера на гнев почна да се создава меѓу нас“, се сеќава легендарниот и најголем играч во историјата на Њукасл, Алан Ширер.

Следувал дуел со Старата дама на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл. Црно-белите пред своите навивачи го спасија својот гол по неколку шанси на Јуве и на крај победија со гол на Енди Грифин на асистенција на Французинот Лоран Робер.

Овој триумф како да ги охрабри момците од Њукасл кои до крајот славеа и над Динамо и Феенорд и со 9 освоени бода отидоа во следна рунда. Сосема неочекувано после дури 3 воведни порази.

Особено емотивна за навивачите беше победата во Холандија каде после отсуство на три меча после повредата на првиот меч со Динамо Киев, се врати сјајниот Крег Белами кој и ја поведе екипата до чудесен триумф во Ротердам 2:3. 

После таа победа во Холандија и пласман во следната рунда на Лига на шампиони, Ширер изјавил дека е тоа нешто неверојатно а стоперот Оливие Бернар раскажал дека цел град бил на нозе кога се вратиле дома во центарот на Њукасл.

ДО ПОСЛЕДНО СЕ БОРЕА ЗА НОКАУТ ФАЗА, НО ИНТЕР И БАРСЕЛОНА БЕА ПОСИЛНИ

Во втората групна фаза од Лига на шампиони (тогаш пред промената со само една групна фаза), Њукасл го чекаше група со Интер, Барселона и Баер Леверкузен. Екипата и навивачите сонуваа нови триумфи, но немаше бајка.

Во 5’ минута од мечот со Интер пред преполн „Сент Џејмс Парк“, Крег Белами доби црвен картон поради агресивно однесување против Марко Матераци кој, во согласност со својот пргав темперамент, го испровоцирал Велшанецот.

Крег доби суспензија од три меча и одново како и во првата групна фаза отсуствуваше од три натпревари.

„Кога ги видов ривалите во втора групна фаза, сонував дека после тие натпревари ќе влезам во историјата. И влегов, но не така како што замислував“, искрено признал Белами.

После мечот кој Интер го доби со 4-1, два меча суспензија доби и Алан Ширер кој со лакт го удри Фабио Канаваро.

„Они беа многу мудри и го искористија нашето неискуство. Да, јас го удрив Канаваро со лакт, но тој исто направи фаул над мене, а во УЕФА знаеа за тоа кога ми изрекоа казна“.

Њукасл изгуби и 3:1 од Барса на „Камп Ноу“.

„Мене и Гери Спид на средина на терен ни се спротивставија Тиаго Мота, Чави и Хуан Рикелме. Поголем дел од мечот просто трчкаравме по теренот зошто не можевме ништо да направиме. После мечот, следното утро не можев да стојам на нозе. На Сер Боби после мечот на мејл му стигнале 25 писма во кои навивачи барале да ме исфрли од екипата“, раскажал големиот талент од тоа време, Дајер.

Следните два натпревари против Баер Леверкузен, Њукасл ги изгуби со вкупен резултат 2:6. 

На домашниот меч на кој се врати Алал Ширер и дури и постигна хет-трик. „Не секој ден се дава хет-трик во Лига на шампиони. Ова до ден-денес е едно од моите најдобри сеќавања. Памтам се што се случуваше тогаш“, раскажал Ширер подоцна.

Капитенот на англиската репрезентација блесна и на следниот натпревар, со Интер на „Сан Сиро“ Њукасл водеше дури два пати но нераѕурите се вратија и мечот заврши 2:2.

„Игравме на гостински стадион, но кога излеговме од тунелот, во очи ни упадна огромна црно-бела карпа - на трибините имаше многу наши навивачи. Вториот гол го прославив под нив, тоа беше вау!“, вели Алан Ширер.

Њукасл имал тогаш шанси да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони но морале да ја победат Барселона на „Сент Џејмс Парк“ и да се надеваат дека Интер нема да го совлада Баер. Меѓутоа не се случило ни едното ни другото.

„Можно е дека сме недоволно зрели како екипа. Во клубот често се расправам со луѓе кои мислеа: „Ние сме Њукасл Јунајтед, ние мораме да ги победиме сите“. Имавме проблем. На пример на средина на терен немавме потребен квалитет. Ако неискуство се судри со класа и искуство, тогаш никаков дух ниту упорност нема да те спасат. На оваа етапа од развој ние не сме уште на ниво на европските гиганти“, рекол искрено Сер Боби Робсон.

Останува да се види каков ќе биде следниот настап на Њукасл во Лига на шампиони во новата сезона, прв после цели 21 година.

25 мај 2023 - 13:08