Нова сезона, нови судиски гафови на кои не се имуни ниту судиите кои ги делегираат за елитната Лига на шампини. Дури и Симоне Инѕаги го виде пеналот кој не го видоа оние на кој им е работа да го видат. „Треба да биде тука и да објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави по мечот.
4 октомври 2022-ра е датум кој Ајакс и навивачите ќе сакаат што побрзо да го заборават. За прв пат во историјата примаат минимум 5 гола дома во ЛШ. Покрај историскиот дебакл од 1:6 од Наполи останаа и без капитенот Душан Тадиќ кој во 73-та минута доби втор жолт картон за овој груб зафат врз Елмас.
Првите осум меча од 3. коло во Лига на шампиони донесоа солидна ефикасност или точно во просек по 3 гола на натпревар. Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Глазгов Ренџерс кој го победи со 2:0. Најголемата мајсторија на вечерта е дело на Арнолд.
Фудбалерите на Ајакс го доживеаа највисокиот пораз во историјата на европските натпреварувања и загубија од Наполи со 1:6. Елмас влезе во 64-та минута, Тадиќ доби црвен во 73-та. Наполитанците имаат 3 од 3, исто како и Клуб Бриж кој го изненади Атлетико Мадрид.
Леванголски, Леталдолски, Голандовски...Ова се само дел од игрите на зборови со кои каталонскиот печат ги насловува делата на Роберт Левандовски. 34 годишниот Пољак изгледа како да пораснал во Ла Масија.
Иако веќе почнавме да имаме емпатија за Хари Мегваер, дрвото кое игра за Јунајтед и за репрезентацијата на Англија затоа што по социјалните мрежи со години го мачкаат со фекалии, има нешто смешно и во таа упорност.
Минатата сабота ПСЖ со 2-1 ја совлада тврдата Ница, а првиот гол за Парижаните го постигна Лео Меси од слободен удар. Со преубав шут Аргентинецот го остави Каспер Шмајхел само со поглед да ја испрати топката во мрежа.
Само неколку дена по повлекувањето на Горан Пандев, официјално збогум на фудбалот му даде и неговиот поранешен соиграч и пријател Гонзало Игуаин. Беа силен тандем, а се дружеа и по куќи.
783 натпревари, 364 голови, 127 асистенции, 3 титули во Ла Лига, 3 титули во Серија А, Лига Европа, 3 Купови на Италија и Супер Куп, Куп на Шпанија и 2 Супер Купови.
Ерлинг Халанд на 5 години се запишува во школата на Брин во својот роден град. Во сезоната 2015/2016 импресионира за вториот тим со 18 гола на 14 меча. Тренерот кој го знаел добро од младинските категории му дава шанса за првиот тим на Брин во втора лига, на 12 мај 2016 против Ранхајм. Според физикусот, движењата и потезите малиот на само 15 години веќе изгледа како да е врсник со другите, па дури и поголем од некои на терен.
Португалците ги поместија границите во таканареченото криминално судење кое се коси со сите правила кога треба да се намести натпревар. Ова што се случи во прва лига не проаѓа ни во Свазиленд. Маритимо загуби дома 1:2 од Каза Пиа со гол од пенал, досуден поради расчистување на топката со глава. Неверојатно.
Норик Авдалјан е фудбалер на рускиот второлигаш Нефис Казањ кој на ревијален натпревар решил да повтори еден пенал каков што извел и во октомври 2018-та. Му успеа и тогаш и сега.
По заминувањето на Серхио Агуеро, Пеп Гвардиола беше скептик дека ќе има некој кој ќе го надомести отсуството на Аргентинецот кој му ја донесе на клубот со децении чеканата титула. Летово на „Етихад“ дојде Норвежанецот Халанд кој ја натера цела Премиер лига да се држи за глава.
Веќе по кој знае кој пат изминативе сезони, без разлика на составот и тренерот, Јунајтед демонстрира нова резултатска и играчка беда, каквa што не можеше да се замисли во времето на Фергусон. А држат мега ѕвезда на клупа која на 37 години ја товат со преку 600.000 евра неделно. Н Е Д Е Л Н О.
Врвниот шпиц кој во богатата кариера постигна 571 гол на 945 официјални натпревари денес го слави својот 41 роденден. За таа прилика соиграчите му спремиле подароци, а некои се потсетија на најубавите негови погодоци низ децениската кариера.
Во младинското првенство на Шпанија, на средба меѓу Естраденсе и Депортиво Ла Коруња, младинците на некогашниот гигант во европски рамки, добија комичен пенал. При една ситуација во шеснаесетникот двајца соиграчи на Ла Коруња се судираат а судијата ладно свири пенал. Од 2-0 на крајот 2-2.
Во 6. коло од израелската Премиер лига, во големото дерби Макаби Хаифа со 2-0 го совлада Макаби Тел Авив. Двата гола ги даде Дин Давид во 85’ и 90+1’ минута. Вториов беше посебен по многу нешта.
Манчестер Сити го разби градскиот ривал Јунајтед 6:3. Да не беа двата гола на Антони Марсијал колку-толку да го ублажат поразот, „црвените ѓаволи“ ќе го претрпеа еден од најтешките порази во клупската историја. Рој Кин имаше што да каже за бламажата на некогаш славниот клуб.
Од голман со преку 600 настапи од кои повеќе од пола му се за Манчестер Сити, воопшто не се очекуваше ваков потег. Славниот Харт кој од лани брани за Селтик, на мечот против Мадервел симулираше повреда и тоа како да е колабиран. Потоа стана како ништо да не било и го бранеше цел меч. На Твитер го прават од гомно подоле.
Кварезма како најпрепознатлив мајстор за голчишта со надворешен фелш го има својот наследник. Се вика Томас Санчез, кој паметната комбинација од корнер ја претвори во еврогол број 1 во третолигашката конкуренција во Шпанија.
По перфектниот старт од 6 победи по 6 кола во Ла Лига, Реал Мадрид ремизириаше против Осасуна 1:1. Карим Бензема пред себе имаше голман пред кој се блокира од 11 метри.
Во малото лондонско дерби, Кристал Палас го пречека Челси и прв поведе преку Едуар кој го совлада Кепа. Гостите израмнија во 38' минута пред паузата преку Обамејанг и 1-1 беше сè до 90' минута кога доскорешниот фудбалер на Палас позајмен од Челси, Конор Галахер постигна спектакуларен еврогол за три бода на сините.
Во 9. коло од француската Лига 1, ПСЖ продолжи со победите и ја совлада Ница со 2-1. Стрелци на головите кои други ако не Меси и Мбапе. Аргентинецот направи мајсторија од слободен удар во негов стил а Килијан постигна погодок за победа во 83' минута откако влезе од клупата за резерви.