
Со поразот на Арсенал кај Нотингем Форест во саботата, Манчестер Сити и официјално стана шампион во Премиер лига, а до големиот бодовен пресврт стигна со дури 12 победи по ред во првенството.
Сити освои 88 поени после 36 меча а им остануваат уште два од Премиер лига, а вториот Арсенал има да доигра уште еден.
Со погодокот на Хулиен Алварез во 12’ минута, Сити го победи Челси и на мирен начин ќе се спрема за двете големи финалиња на крајот од сезонава, ФА Куп со Ман. Јунајтед (3-ти јуни) и Лига на шампиони со Интер (10-ти јуни).
Ова беше 10-ти пехар за Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а синоќа ја прославија третата по ред. Со Шпанецот на клупа „граѓаните“ освоија дури пет шампионски трофеи
Момците на Пеп Гвардиола триумфално стигнаа до пехарот а Челси со овој пораз е поблизу до долниот дел од табелата отколку до горниот.