Цел Бернабеу му даде поддршка на Винисиус, од играчи до навивачи

Со головите на Бензема и Родриго, Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано 2:1 во 36. коло од Ла Лига. Мечот мина во знак на Винисиус кој седеше во ложа.

Три дена откако се соочи со расистички навреди на Местаља, а потоа доби црвен картон кој му беше поништен, Винисиус беше поштеден од Анчелоти и мечот против Рајо Ваљекано го следеше во друштво на Флорентино Перез.

Колегите му го стоплија срцето уште пред стартот на мечот кога во знак на поддршка излегоа сите облечени во дрес 20 со неговото име.

Потоа следуваше и уште еден гест за поддршка, а тоа беа аплаузите и овациите навивачите во 20-та минута, кои излегоа со парола на која напишаа:

„Сите ние сме Винисиус. Доста е“.

Расистичкиот напад врз Винисиус на мечот против Валенсија не е единствен. Тој често се соочува со истиот проблем на повеќе стадиони во Шпанија. 

Поддршка овој пат доби и од фудбалерките и кошаркарите на Реал.

Што сè се случи во 107 минутната тензија и драма на Местаља?

 

25 мај 2023 - 09:09