Фудбал

Мурињо од клупски автобус на паркинг го гледаше дербито со Интер

Со головите на Пауло Дибала во 39' и Крис Смолинг во 75' минута Рома после пресврт по примениот гол од Димарко во 30-та минута го совлада големиот ривал Интер на гости со 1-2. Жозе Мурињо поради суспензија не можеше да биде на теренот а наместо во ложа на трибините, реши да гледа фудбал од клупскиот автобус на Рома и триумфот го прослави на паркинг пред стадионот.

Растур систем на Миовски во Шкотска, два даде гола за 20 минути

8 настапи - 8 гола за Бојан Миовски во дресот на Абердин каде потпиша ова лето. 7 во домашното првенство и еден во Купот. Абердин славеше 4:1 против Килмарнок, а македонскиот центарфор стрелаше во 24-та и 45-та минута. Првиот погодок го даде од пенал.

Шпански новинар го фати Модриќ на емоции

Немаше време да застане, ама кога му кажа за што се работи се врати и остана до крај. Се работи за емотивен момент со детенце, од славјето во 2018-та кога го славеа успехот на Мундијалот како втори.

Тоти држи лекции по фудбал и на 46 години

Тоа што е пет години во пензија не е никаква причина да не го викаат на ревијални и хуманитарни натпревари. Неодамна играше во тим составен од пејачи заедно со Батистута. Имаме извадоци само од неговиот перформанс, како дели топки со очи.

Занети, Малдини, Батистута: Колку е важно во управа да има клупска легенда?

На фестивалот за спорт во италијанскиот град Тренто се појави Габриел Батистута, кој се пријави да стане дел од раководското на Фиорентина. Зошто тоа некаде успеа, а некаде не?

Бербер Клоп и Гркот Цимикас

По репрезентативната пауза, фудбалерите се вратија во своите клубови и полека се спремаат за викендот пред нив кога ќе играат клупски фудбал. Така и Гркот Костас Цимикас се прибрал во база на „црвените“ но со нов имиџ. Клоп го прашува колку пари да даде да му го исече тоа опавче? „Ми заличи како Дарвин Нуњез да се смалил“.

Клип со кој се бара да се затвори кандидатурата за гол на годината

Од писмото на читателот ќе сфатите и видите за што станува збор. Мејлот гласи вака: Најјак гол на 21ви век, гаси рубрика гол на годината и барај ги Меси, Виери и Роберто Карлос да гледаат.

Пандев: „ФФМ е станата приватна фудбалска федерација“

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев пред неколку дена и официјално објави дека заминува во играчка пензија и дека времето пред него ќе покаже по кој пат ќе тргне во иднина, дали како раководно лице, дали како фудбалски менаџер.

Јунус од каде ја извади левицава?

Погледнете какво голчиште падна во Куп натпревар во Турција и тоа меѓу четвртлигаши. Како ли успеа толку прецизно да го погоди ќошот на аголот и потоа таков необичен пад да фати топката? Еднаш во кариера се дава ова.

Италијанец го имитираше Роналдо, па заврши на ренген

Маалската будалаштина се случува во градот Козенца во јужна Италија, траума која на крај мораше достојно да се излечи.

Koј е Шешко, детето по кое урлаше словенечкиот коментатор?

Го споредуваат со Халанд, бидејќи имаат слична конституција, координација, инстинкт и сличен пат и велат дека веќе излегол од неговата сенка. 

Студениот туш на Бугарија на Градски кога дојде како четврта во свет

Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.

Што сè нема да види човек во Африка

Вакви трикови може да се видат само и само на црниот континент каде фудбалот се игра со голема веселба.

Данците ќе играле на Светско во црни дресови од жал за човекови права

Дискусиите, нападите и борбата за човекови права против организаторите на Светското не стивнуаат.

Ај па да го видиме мајсторов на подиум за Пушкаш наградата

Чудесијата од гол ни доаѓа од нисколигашкиот фудбал во Боливија. ФИФА бери памет. Ова мора да се награди некако.

Фудбалери од Италија го прославија голот во кола

Катанѕаро ја победува Месина со 3:0 во меч од Серија Ц и во еден момент се случува веројатно досега невиден начин на прослава на гол во историјата на фудбалот. 

Јохан Кројф да беше жив да ја види акцијава на Холандија

Мирно, трпеливо, 1 минута ја градеа со 20 додавања за на крај да ја завршат како што ја почнаа, со мозок. Видеото е против Полска која ја совладаа на гости 0:2 и ја завршија групата со 16 бода од можни 18, каде беа уште Белгија и Велс. Фантастично одиграно.

Чудните коментари на коментаторот на РТС

Александар Аца Стојановиќ веќе подолго време е главен уредник на спортската редакција на РТС а воедно и водечки фудбалски коментатор на српската државна телевизија. Тој повеќе од десет години работи преноси а голем дел од гледачите го одбиваат неговиот стил на коментирање.

И ко ќе ги местите прскалките, гледајте да не направите бербат на терен

Ширум светот деновиве се одиграа еден куп фудбалски натпревари, што во Лига Нации, што пријателски средби како подготовка за Мундијалот во Катар. На еден таков меч, Јапонија и Еквадор во Германија, на Меркур Шпил Арена во Дизелдорф одиграа без голови. Мечот дури три-четири пати бил прекинуван поради тоа што на сред игра се активирале прскалките на теренот.

Дојди кај чичо на една воспитна за да ви тргнат пеналите

Селекцијата на Израел за играчи до 21 година ја доби Ирска на пенали и се пласираше на ЕП У-21. Селекторот им беше бајаги наапан, до таа мерка што се реши да додели шамар на еден од своите играчи. Некои медиуми ова го нарекоа дека е мега скандал, а тој одговори дека тоа го сторил од љубов.

Костас Манолас се стресе на промоцијата на новиот клуб поради лав

Познатиот дефанзивец кој играше за Рома и Наполи, после кусиот престој во Олимпијакос се реши за авантура во Обединетите Арапски Емирати. Се работи за клубот Ал Шарџа кој со Костас ангажира трето звучно засилување после Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер. На промоцијата не мина баш опуштено.

Што тоа се случува во Иран и зошто најдобриот играч кренал бунт пред Светско?

Од 16-ти септември во Иран се одржуваат протести. Повод за општествена бура станала веста за смрттта на младата 22-годишна Махша Амини, приведена во полиција поради „неправилно носење хиџаб“ во Техеран. Студентката паднала во кома во полициската станица а после три дена починала во болница.