Тие што внимателно го следеа атомскиот фудбал на Манчестер Сити кој тргна како фурија и безмилосно го тероризираше голот на Реал, сигурно ќе се сетат и на неколкуте ретки опасни ситуации на спротивната страна.
Само три минути пред страшниот проектил на Крос, Родриго го сети својот сонародник Винисиус дека ги пали моторите и успеа да му ја протне низ тројца.
Бразилецот имаше чекор повеќе од својот чувар и иташе кон израмнување, ама Кајл Вокер го стигна и му се постави како Јап Стам.
Колку само можеше да се смени мечот ако 10 години постариот репрезентативец на Англија не успеше да го стигне брзоногиот Бразилец.
Или уште попрецизно можеби ова беше клучниот дуел во 180 минутната битка кој му припадна на искусниот бек против најопасниот во редовите на европскиот првак.
Цел Етихад го почести со овации и аплаузи Вокер за ова врвно поставување во одбрана.
Коментарот на Анри и она климање со главата кажуваат сè.
„Кајл Вокер е ѕвер. Кога и да трчаш со него ќе бидеш сопрен. Во една ситуација тој беше позади Винисиус и едноставно го стигна, му ја стави раката, му ја зема топката и му рече чао. Многу врвни играчи ги става в џеб“.
Kyle Walker vs Vinicius. pic.twitter.com/xzwnMInQ11
— Michał Zachodny (@mzachodny) May 17, 2023
Статистиката на првиот меч
Kyle Walker’s game by numbers vs. Real Madrid:
— Statman Dave (@StatmanDave) May 9, 2023
83% pass accuracy
76 touches
6 ground duels won
6 tackles won
5 long balls completed
5 clearances
2/3 aerial duels won
1 block
Excellent battle with Vinicius Jr. ⚔️ pic.twitter.com/7mO6p7pqg7
Пречката на Крос уште се тресе
Трите јаки интервенции на Куртоа против Халанд
Арапски коментатор се мајтапеше кога топката ја допре голманот на Сити