По неубедливиот триумф над слабо рангираната Малта од 2-1, македонските репрезентативци вечерва во Скопје се спасија од блам и против Фарски Острови. Стрелец најдобриот македонски центарфор во моментов, Бојан Миовски со погодок во 82' минута.
Стадионот на Барса крцаше за финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. На Фајнлфор турнирот играа ѕвезди како Роналдињо, Нејмар, Виља и Агуеро, а навивачите испратија важна порака до Париз.
Колку е човеков опседнат со своите голови и самиот не е свесен. Го прегазија аутсајдерот во квалификации со 0:6, а при резултат 0:4, глумеше во шаснаесетник и тоа со веќе два постигна гола. Си доби и жолт, а головите му отидоа во втор план. Сите зборуваат за резилов.
Заборавете на факелите на Чкембари и упадот на Комити на терен, иако се разбира дека сето тоа беше скроз непотребно. Пазете го сега црепов од Бразил, инаку навивач на Интернационал. Со дете в рака влета на терен да прави бељи. Оди измери му го паметот.
Селекцијата на Данска се соочи со шокантен пораз на гостувањето во Астана и покрај тоа што имаше водство до 73 минута од 0:2. За 16 минути Казахстан успеа да постигне три гола за победа во квалификациската група Х. За издвојување е голот на капитенот Тагиберген за израмнување, кој го торпедираше Каспер Шмајхел.
Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.
Колегите од Телма го посетија 11 кратниот првак на Македонија. Тренира во село Кадино. Им го отстапил истоимениот третолигаш. Најголемиот македонски спортски бренд дојде до тоа дереџе да нема свој дом, терен за тренинзи, стадион и да се снаоѓа за организација со помош на пријатели и Комити.
Ете, кој би рекол дека најдобриот тренер на денешницата, трофејниот Пеп Гвардиола едно време во средината на 1990-те години се занимавал со модни писти. Еднаш моделиерот Антонио Миро од Каталонија го викнал Пеп да учествува на една модна ревија и Гвардиола прифатил.
Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.
Некои клубови очигледно не мируваат ниту за клупска пауза па од нигде никаде закажуваат пријателски, како малку да им се натпреварите преку година. Фенербахче го нагости Зенит, мечот заврши 2:2, а 17 годишниот Бора Ајдинлик после бомбава заслужува да биде ослободен од школо.
Во 5. коло од Лига нации во Централна Америка, Француска Гвајана и Доминиканска Република одиграа меч со луд финиш. Во 69-та минута Гвајана останува со играч помалку поради црвен картон. Но во 85-та минута поведуваат со 1-0. И во последните секунди од мечот домашниот голман решава да задржува време, ја фаќа топката со рака без да помисли дека негов играч му ја додал. Следува индирект за гостите во последни секунди.
Во Баерн Минхен се случува голема промена, несвојствена за баварскиот гигант. Според пишувањата на релевантни германски медиуми, тренерот Јулиан Нагелсман добил отказ а наскоро нов тренер на екипата ќе стане Томас Тухел некогашниот предводник на Мајнц, Борусија Дортмунд и Челси.
Лудилото по светската шампионска титула уште ги држи Аргентинците. На пријателска против скромната Панама синоќа победија 2-0 со голови на Алмада и Меси (јубилеен 800-ти). Пред, за време и после мечот стотици илјади навивачи на и надвор од стадионот правеле фешта. А играчите на пат до стадионот „Монументал“ ги следела цела армада.
Гол од слободен удар на Меси за Аргентина, гол од слободен удар и на Роналдо за Португалија. Првиот стигна до погодок број 800 во кариерата, вториот испиша историја со 197 репрезентативни настапи.
Двајца репрезентативци на Панама по завршувањето на мечот против Аргентина делуваа на аматерска екипа воодушевена што игра против светскиот првак. Дискутираа и се расправаа кој да го земе дресот на Енцо, а ѕвездата на Челси ги гледаше и се чудеше.
Во нашата квалификациска група Ц, Македонија со триумф над Малта од 2-1 го стартуваше циклусот со три бода, а толку освои и силната Англија на гостувањето кај Италија на преполн „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. Англичаните водеа 0-2 на полувреме со головите на Деклан Рајс и Хари Кејн од пенал. Набрзо по погодокот на Кејн, Џејк Грилиш најскапо платениот фудбалер во историјата на Премиер лига до скоро, имаше епска шанса за гол но промаши.
На прекрасниот и крцат „Монументал“ Аргентина за првпат заигра пред своите навивачи по освојувањето на светската титула на Мундијалот 2022 во Катар. „Гаучосите“ славеа со 2-0, амбиентот беше препознатливо славенички, Меси го даде јубилејниот 800. гол во кариерата, а Мартинез глуп по навика.
Светските прваци и по три месеци уште слават и си делат пехари за да има за сите јунаци. Монументал експлодираше на пријателски натпревар против Панама. Мајсторија на Меси од слободен удар.
Италија го загуби дербито од Англија во нашата квалификациска група за ЕП 2024 со 1:2. Мечот се играше во Неапол на стадионот Армандо Марадона. Извесна Елинора доста збунето ја испеа химната на Англија. Гостинските навивачите ја масакрираа на социјалните мрежи.
Македонската фудбалска репрезентација со победа од 2:1 ги почна новите квалификации за ЕП 2024. Првото полувреме за заборав. Второто возбудливо со три гола и поништен пенал со ВАР, за прв пат во историјата на Градски.