Фудбал

Панчев и Савичевиќ се едногласни за миланското дерби во ЛШ

Едниот освои Лига на шампиони со Милан, другиот настапуваше за Интер, но и двајцата му даваат предност на истиот тим, исто како и на главниот фаворит за трофејот.

Секој друг овде би паднал и би лежел

Не се виде баш вчера и не даде гол, ама после овој клип сфаќате уствари каква цврста карпа од човек е. Нека биде овој дуел и лекција за сите глумци кои често пати лежат и се пењават за да задржуваат време или да изнудат фаул. Ваков фудбал сакаме. Јуначки.

Како Рудигер го чуваше Халанд без топка

Голгетерот број 1 на сезоната со 51 погодок на 47 меча, не се изнаигра баш на гости кај европските прваци. Му се залепи германско австрискиот тандем во одбрана Рудигер-Алаба и често пати делуваше како отсечен. Погледнете ги овие методи со кој Рудигер го реметеше од зад грб.

Кошкања меѓу навивачите на Реал и таткото на Халанд

Алфи Халанд го следеше полуфиналето Сити - Реал во ложата на Бернабеу, каде го гледаше син му кој покриен одлично од Рудигер и Алаба, не успеа да постигне гол. Се појавија повеќе видеа на кои се гледа како се јаде со домашните навивачи по што интервенираше и полицијата. Шпанските медиуми пишуваат дека прв почнал да провоцира и дека ги гаѓал со кикирики.

Зошто голот на Де Брујн не беше поништен со ВАР?

Мега пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши 1:1 со два прекрасни голови на Винисиус и Де Брујн. Предмет на расправа број 1 во медиумите е спорниот гол на Белгиецот.

Трајковски го постигна голот на кариерата од преку 40 метри

Каков Ал Наср, каков Роналдо. Погледнете го вие нашиот Алекс Трајковски кој навелемајсторски начин го претвори голманот во гледач. Македонскиот репрезентативец учествуваше со еврогол и асистенција за Ал Фајха кој го совлада Ал Фатех со 3:0. За него ова е трет сезонски погодок.

Реми меѓу гигантите, Сити и Реал Мадрид ќе решаваат на реваншот

Во првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони, Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа нерешено 1:1, така што патникот во големото финале ќе се одлучува на возвратниот дуел, во Англија.

Приказната за најпознатиот прозорец со ликот на Марадона кој станарот принудно го држи затворен

Од едната страна се наоѓа домот на станарот Чиро, од другата најкултното место во Неапол од каде дневно поминуваат по 30.000 до 40.000 туристи. Човекот едноставно не може да си дозволи да излуфтира, бидејќи веднаш му се дерат под прозор.

Дефиниција за градење топка

Дваесет и две годишниот Франк Евина игра за германскиот второлигаш СВ Сандхаузен, а на времето почнал во школата на Баерн Минхен за кого има и два настапи за прв тим. Од годинава е во Сандхаузен, а на мечот со Брауншвајг покажа како се гради топка.

Ученик дебитирал за Естудијантес па во школо го пречекале како херој

Младиот 17-годишен Аксел Атум на мечот Естудиантес - Велез Сарсфилд влегол од клупа за резерви и го забележал дебитантскиот настап во сениорски фудбал. Неговиот Естудиантес победи 2-0 со головите на Гастон Бенедети Тафарел. Аксел влегол во игра во 81’ минута од средбата, а следниот ден во школо го пречекале како јунак.

Најтрофејниот Бразилец од Барселона преживува пекол во затвор

Триесет и девет годишниот легендарен бразилски бек Даниел Дани Алвеш кој пред само неколку месеци играше на Светско првенство за својата репрезентација, веќе извесно време минува низ тешкотии во затворот каде чека судење за наводно силување кое го сторил во познат ноќен клуб во Барселона.

Ромарињо им покажа во Саудиска Арабија како се игра на нафрлени

Ал Итихад е бељаџијата кој е прв на табела и кој изгледа ќе му ја скрати радоста на Роналдо да се радува на титула. Победија 4:0 и имаат предност од 5 бода на четири кола до крај. Ако ве прашаат што значи шах мат во фудбалот, ова е тоа.

Него Роналдо уште е нервозен

Кај и да е, сигурно некој ќе стокми компилација од големата фудбалска ѕвезда, која во Битола би ја крстиле „Најдоброто од Кристијано нервознио“. Нов кикс на Ал Наср, нови нервози за Роналдо кој оттурна член на стручниот штаб на гостите кој му пријде за селфи и нов дриблинг од соништата. На четири кола до крај клизнаа на -5 од лидерот Ал Итихад.

Идиотскиот потег на братот на Џака и чудната ВАР одлука

Ѕвездата на Арсенал, Гранит Џака не би требало да е горд на брат му за потегот кој го направи викендов. Зидан во финале на Светскo ја заеба работата и од тогаш пар ликови фатија да го имитираат, тоест на погрешен начин ја користат главата.

Мајсториите на Тео Ернандез со Лацио и Душан Влаховиќ со Аталанта

Милан со 2-0 го совлада Лацио и е на 2 бода од 4-то место кое води во Лига на шампиони следната сезона а за кое се борат дури пет-шест клуба до крајот. Милан во само неколку минути ги реши Лацијалите, со головите на Бенасер во 17’ минута и евроголот на Тео Ернандез во 29-та.

Му го ветив дресот на Рашфорд ама ќе ти го подарам тебе

Вест Хем Јунајтед оствари неверојатно важен триумф над големиот Манчестер Јунајтед од 1-0 со голот на Саид Бенрама во 27’ минута и сега полесно дише. Во борбата за опстанок најдолу на табелата, Вест Хем избега 7 бода од опасната зона и до крајот на сезоната им треба уште некој бод за и теоретски да се спасат.

Марадона за трансферот во Наполи

Аргентинскиот ас пристигнал во Наполи на 23 години од Барселона, а бил претставен на 5 јули 1984-та пред 75.000 навивачи кои биле убедени дека доаѓа спасителот, во ситуација кога тимот се борел за опстанок и во време кога никој не сакал да игра таму. Останатото е историја. Успеа да ја прекине доминацијата на северот и Наполи да го направи првиот клуб од југот кој станал шампион.

Луд обид за гол од пола терен, ќе беше еврогол

Во белгиската Про лига, во делот кој разигрува за пласман во Лига Концеренции, Гент на гости со 1-2 го совлада Стандард Лиеж и сега има 34 бода. Играч на мечот беше шпицот на гостите Гифт Орбан кој даде еден гол а на самиот старт на вториот дел проба уште еднаш лукаво да го матира домашниот голман.

Ривер - Бока: 7 црвени картони, 9 жолти и гол во 93-та минута

Аргентинското Супер класико меѓу Ривер Плејт и Бока заврши 1-0 со гол од пенал на Мигел Борха во 90+3’ минута од судиското продолжение. После овој реализиран пенал на теренот настанал огромен хаос меѓу играчите а главниот судија поделил дури 7 црвени картони за играчи кои биле на и надвор од теренот. Ривер после 15. кола е убедливо прв со 37 бода пред Сан Лоренцо кој има 28. Бока е 13-та со 18 освоени бодови.

Најсимпатичниот гледач кој упаднал на терен во Финска

Питомите Финци немаат хулигански групи ни навивачки изгредници, ама затоа едно симпатично детенце на точаче им прекина натпревар па играчите го замолиле да го напушти теренот за да доиграат.

Рики влезе во клубот 100 на Динамо

Ја реши Ријека и голот му го посвети на Адеми. На Вардарци им плати хотелски карантин. За славјето на титулата го зема мегафонот и ја запали атмосферата меѓу играчите и Бед Блу Бојс. Тоа е Стефан Ристовски, човек за кој Динамо напиша дека има силна енергија и „хулковска“ цврстина во одбрана.

Цреп на денот

Луд натпревар одиграле двата најголеми словенечки клуба, Олимпија Љубљана и Марибор во финалето на тамошниот Куп. На крајот составот од главниот град стигнал до трофејот во продолженијата со гол од пенал во 123-та минута.

Франција во чудо: Лион од 1-4 до 5-4 со Монпеље

Фудбалските лиги ширум Европа полека стигнуваат до самиот крај и наскоро ќе се знае конечниот пласман во секое првенство. Во меѓувреме во француската Лига1 меч од соништата одиграа Лион и Монпеље. Такво нешто не се памети.

Фото на денот

Тоа е Неапол, градот кој живее со фудбалот и за фудбалот. 33 години го слават Марадона, човекот кој им донесе две Скудета. Кој знае колку долго ќе ги слават и јунаците на Спалети.