
Баер Леверкузен е во страшна серија од 31 натпревар без пораз во сите натпреварувања и брка рекорд на Баерн Минхен кој пред неколку сезони имаше таква серија од 32 меча без загубен меч.
„Фармацевтите“ минатиот викенд го разнесоа токму шампионот Баерн со 3-0 а после мечот Чаби Алонсо ги повика и сите негови помошници во стручниот штаб да учествуваат во славјето со навивачите. Не ги заборава оние кои од сенка работат макотрпно за да Баер првпат во историјата стане шампион.