Фудбал

Бетис со необично видео од Офис претстави нов договор

Шпанскиот Реал Бетис на уникатен начин го претстави новиот договор со играчот Аитор Руибал кој потпишал со клубот до 2028-ма. Со сцени кои потсеќаат на култната серија од САД, Офис. Руибал има 134 настапи за Бетис, 9 гола и 9 асистенции. Играше голема улога во освоениот Куп на Кралот во 2022 и заслужен е за четири последователни пласмани во еврокупови.

Онана во Уганда како Тито кај неврзаните

Десетина специјалци со автомати, полиција, редари, обезбедување. Едвај го извадиле голманот на Манчестер Јунајтед Андре Онана од големата толпа која дошла да го поздрави после мечот Зимбабве - Камерун (0:0) во Африканскиот Куп на нации. Зимбабве немал стадиони кои ги исполнуваат условите па натпреварите од АФКН се играат во Уганда. А таму има регистрирани стотици илјади навивачи на Манчестер Јунајтед, па кога им дошол миленикот, голманот на Камерун Онана, едвај спасил жива глава.

Царот на годината кој мртов ладен застана да игра за Англија

Многу јаки моменти имаше за одбележување на стартот во Лига на нации. Како на пример, евроголот на Барди во стилот на Жунињо и слаломот на Шешко ала Меси. Ама ова во Даблин се двои.

Фабрегас раскажува како го удрил Фергусон со пица

Во 2004-та година, Манчестер Јунајтед му ја завршува незаборавната серија на Арсенал од 49 натпревари без пораз. Во тунелот се прави гужва и тензија, во која сака да се вмеша и тогаш 17 годишниот Сеск Фабрегас. Од сите можни опции, тој ја одбира најпогрешната. Фрла пица која завршува во лицето на Сер Алекс. Цепки.

Томас Милер е прв за терање мајтапи

Германската фудбалска федерација планира пред мечот Германија - Холандија на 14 октомври да организира церемонија во чест на Мануел Ноер, Томас Милер, Тони Крос и Илкај Гундоган кои одат во репрезентативна пензија. Него нас друго ни беше муабетот. За Милер, кој душа дава за Баерн, ама и за правење забава кај стигне.

100 против тројца

Борусија Дортмунд им организираше проштален натпревар на две клупски легенди, Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски. Во еден момент на двајцата заедно со актуелниот тренер Нури Шахин, им се отвори многу работа, откако на терен се појавија 100 деца. Симпатично.

Мурињо за Осимен: „Добар е, ама многу глуми, паѓа“

Во турската Супер лига веќе се одиграа 3-4 кола. Фенербахче на Мурињо е прв со 10 поени од 4 меча а Галатасарај и Бешикташ се втори и трети со по 9 бода но и натпревар помалку. Турција е во Осимен-манија откако врвниот шпиц на Наполи Виктор Осимен дојде на позајмица во Галатасарај и би требало да биде најдобар играч во лигата во моментов. Но Мурињо вели нешто друго за него од времето кога беше тренер на Рома кога играл против Осимен и Наполи.

Бојан Миовски во топ 100 ѕвезди на трансфер листите ова лето

Стрелецот на Македонија синоќа на Градски, кој растури со голови во Шкотска, а наскоро ќе го гледаме во Лига на шампиони во дрес на шпански прволигаш, се најде во интересно и славно друштво.

Хари Кејн наместо трофеи, одбележува големи, златни јубилеи

Лидерот и капитен на Англија и најдобар стрелец во германската Бундеслига во дресот на Баерн Минхен минатата сезона, Хари Кејн, по две изгубени финалиња на Европско првенство (прво од Италија во 2021-ва па од Шпанија во 2024), стигна до убав, златен јубилеј.

Да не ви е позната одбранава од негде?

Аргентина загуби на тешкото гостување против Колумбија со 2:1 во квалификациите за СП 2026. Требаше да биде 3:1, ама будалетинката од голман, Емилиано Мартинез, во дуел еден на еден спаси чист гол со нога на идентичен начин како на незаборавното финале во Катар.

Судија, се поништува ли бе ваков гол?

Грција со 0-2 ја совлада Република Ирска на гости и го забележа вториот триумф после две кола во групата 2 од Лига Б во Лига Нации. Ирците при резултат 0-0 имаа прекрасен гол, го даде шпицот со нигериско потекло  Чиедози Огбене ама му го поништија поради наводен офсајд. Голчиште!

Фалениот гол на Грузиецот кој ја стиши Тирана

Во 2. коло од Група Е во Лига на Нации, Грузија продолжи со сјајните игри од Европското првенство каде беше најголемо изненадување и тоа како дебитант. Грузијците синоќа со 0-1 го пребродија тешкото гостување во Тирана кај Албанија а единствениот гол го постигна Ѓорѓи Кочорашвили, 25-годишен фудбалер на шпански Леванте. Грузијците сега имаат 6 бода и се први на табела со Албанија, Чешка и Украина (2 порази).

Четири кандидати за гол на колото во Лига на нации, меѓу нив и евроголот на Барди

Со завршувањето на 2. коло од Лига на нации, УЕФА прашува кој гол е број 1? Конкуренцијата е голема, бидејќи паднаа четири квалитетни голчишта, а стрелци се Енис Барди, Јусуф Поулсен, Бенџамин Шешко и Ѓорги Кочорашвили. 

Евтина финта друже, тешка за верување

Во 39-та минута од мечот меѓу Чиле и Боливија имаше специфична и ретко видена ситуација на која коментаторите се смееја. Гостинскиот голман Карлос Лампе само што прими топка, легна на земја и крена рака, како знак дека се повредил. Но Едуардо Варгас ја собра топката и го израмни резултатот. За волја на вистината, Лампе навистина не лажел, бидејќи потоа го извадија од игра, а неговите по само неколку минути постигнаа гол и славеа 1:2.

Дај бе нека го врзат некаде

Во големото дерби Колумбија - Аргентина од јужноамериканските квалификации за Светско првенство, Колумбијците им го нанесоа на гаучосите вториот пораз. Славеа 2-1 и им се приближија на табела. Аргентина е прва со 18 бода, Колумбија е втора со 16 бода, а Уругвај е трет со 15 бода. Аргентинскиот голман Емилијано Дибу Мартинез пак направи скандал после мечот, овојпат силно удрил во камерата која го снимала.

Парагвајска интелигенција во стилот на Модриќ вредна 3 победа против Бразил

Аргентина и Бразил загубија во иста вечер во квалификациите за СП 2026. Светскиот првак е поразен од Колумбија со 2:1, а Бразил загуби од Паргвај со ремек делото на Диего Гомез од Интер Мајами. Аргентинците се и натаму лидери на табела со 18 бода. Бразилците имаат дури 4 порази после 8 кола.

Бомбастично голчиште на Барди, Македонија конечно победи

Македонската фудбалска репрезентација, колку толку се извади за срамот против Фарски острови и освои многу важни и неопходни 3 бода против Ерменија. Прекината е серијата од 7 меча без победа.

На Ерменија сме и дале 23 гола, еден од нив е бомба на Пандев

6 победи, 3 нерешени и 4 порази е билансот на Македонија против Ерменија со скор од 23 дадени и 18 примени голови. На вечерашната 14-та пресметка мора да се оди на победа после оние 1:1 против островот со 50.000 жители. Најубавиот гол против Ерменците е дело на Горан Пандев кој на тогашни 21 година, со бомба ги торпедираше гостите.

Генијалниот гол на Модриќ на јубилејниот 180. натпревар за Хрватска

Лука Модриќ на свои 39 години игра како во раната младост. Во хрватската репрезентација и натаму е капитен, лидер и стандарден првотимец. За време на тешкиот дуел против Полска во Лига Нации, вечер пред неговиот 39-ти роденден, на Хрватите им донесе огромни 3 бода со прекрасен гол од слободен удар. Овој натпревар му беше јубилеен 181. во коцкестиот дрес.

Халанд ако не ја реши кој ќе ја реши

Во 2. коло од групата Г во Лига Нации, Норвешка ја совлада Австрија 2-1 со гол на Ерлинг Халанд во 80' минута од мечот. Претходно Норвежаните отворија преку Мире во 9-та минута а Австријците израмнија преку Забицер во 37-ма минута.

Ништо бразилско нема во оваа бразилска завршница

19 годишниот Витор Роке, кој Барселона пред две недели го прати на позајмица во Бетис, го направи најлошото можно сценарио откако го помина голманот еден на еден. Среќа пријателска е меѓу Бразил и Мексико У-20. И коментаторот го загуби балансот на крај.

Соло мајсторија на Шешко ала Меси, словенечкиот коментатор во стилот на jужноамериканските

Словенија го доби Казахстан со 3:0, а Бенџамин Шешко го постигна првиот хет-трик за репрезентација. 21 годишниот словенечки бисер кој му е клупски колега на Елмас, воодушеви со слалом, па уште и го зачини со маестрална завршница.

Мајсториите на Керем го распалија цел стадион во Турција

Турција под водство на Винченцо Монтела продолжува со добрите игри и по Европското првенство. Турците синоќа со 3-1 го совладаа Исланд во натпревар од 2. коло во групата Х од Лига Нации. Големата ѕвезда на турскиот фудбал, младиот Керем Актуртоглу кој пред неколку дена потпиша богат договор со Бенфика и замина од Галатасарај, постигна хет-трик и го распали стадионот „Ѓурсел Аксел“ во Ѓезтепе.

Тешка и неочекувана мајсторија на Фратези со гради

Италија има сигурен старт во Лига на нации и тоа со две гостински победи. Прво ја изненади Франција 1:3, па го совлада Израел со 1:2. Давиде Фратези и на двете средби постигна гол. Синоќа реагираше многу мангупски на центар шутот на Димарко.