Која била дијалајлата што прва истрчала гола на терен?

Една фотографија која ќе стане култен кадар била дело на фоторепортер кој добил многу награди за слика на годината. А главниот јунак ден-денес се жалел за тоа што го направил и чувствувал каење.

Терминот за таа глупоштија во Велика Британија е стрикинг - спортско (и не само) дејство при кое хулиган влетува гол на сред терен.

Историјата на такви срамни гестови датира од пред неколку века но првата официјална фотографија е направена во 1974-та година. Нејзиниот главен јунак изгубил некоја кладба со другарите а сега жали што ја почнал таа глупа мода.

Во пролетта 1974-та година се играла пријателска средба во рагби меѓу репрезентациите на Англија и Франција - од хуманитарен карактер, во знак на сеќавање на жртвите од авионската катастрофа над Париз од 3-ти март таа година.

На стадионот имало околу 50.000 гледачи. А фотографот Јан Бредшоу дошол на стадионот „Твикенхем“ за да направи фотографии од дуели, голови, прослава, навивачи, емоции.

Но фотографијата која ја направил кога на терен гол упаднал извесен Мајкл О'Брајен ќе стане култен кадар.

„Секој пат кога и да сликав тој се покажуваше гол. Помислив дека ми треба еден кадар каде неговите интимни места ќе бидат покриени. Тогаш полицаец држеше шлем над него“, се смеел фотографот Бредшоу.

Мајкл О'Брајен бил Австралиец. Тој се кладел со своите другари дека ќе влета на терен кога играчите ќе го напуштат теренот на полувреме и ќе истрча гол до трибината кај спротивниот гол. Кладбата била 10 фунти.

„Другарите ми викаа нема шанси, но после пар кригли јас одговорив дека има шанси. Ме опколија и јас се расоблеков. Двајца тргнаа на спротивната трибина со мојата облека“, се сеќавал О'Брајен.

Мајкл за малку не стигнал до целта кога го зграбиле полицајците. Еден од нив, Брус Пери му ја држел полициската капа над гениталиите за да го сокрие срамот пред полн стадион. Интересно додека го носеле, О'Брајен му рекол на полицаецот Пери ако може да го спроведат макар до трибината кај што тргнал. Пери се согласил и Мајкл си заработил 10 фунти. А потоа дознал дека казната за такво нешто била 10 фунти.

Инцидентот воглавно поминал позитивно. Трибините, како и ден-денес го поддржале бегалецот и терале мајтап со извици.

О'Брајен брзо бил спроведен во станица, му напишале казна и му дозволиле да се врати на стадион (облечен секако). Мајкл стигнал за вториот дел.

А фоторепортерот Бредшоу не го догледал натпреварот. Се јавил веднаш во Сандеј Мирор кај уредникот кој му кажал веднаш да го развие филмот. Следниот ден фотографијата ја красела насловната.

Фотографиите ги преплавиле весниците по цел свет. Бредшоу добил награда од 100 фунти, а потоа се закитил со престижните награди „Фото на годината“ од журналот LIFE, „Фото на деценијата“ од журналот People Magazine и премијата Wolrd Press Photo.

О'Брајен, пак, јунакот кој трчал гол, го избркале од работа после инцидентот но тој станал успешен бизнисмен. Во интервју во 2006-та година тој рекол дека се кае и дека жали за постапката. Имено после влезот на Мајкл и неверојатната популарност на фотографијата, почнала епоха на голи будалетинки што втрчуваат на терен.

„Чувствувам огромна вина за тоа. Глупоста која продолжи уште многу години после. Ако Иан Бредшоу не ја направеше таа  фотографија веројатно никогаш не би се случиле такви нешта. На тој меч немаше камери (имало други фоторепортери) така што јас просто ќе истрчав и никој освен 48-илјади гледачи на стадионот никогаш немаше да дознае за тоа... Но Иан имал нов фотоапарат и прости сликал и сликал и сликал... Останатото е историја“, раскажал еднаш О'Брајан.

Во време на едно интервју тој се сретнал со полицаецот Пери кој го прикривал со шлемот. „Дента беше многу студено а Мајкл немаше со што да се покрие“, се смеел Пери.

Интересно тој му го подарил и полицискиот шлем на О'Брајен за спомен.

10 јуни 2025 - 12:20