Де Брујне и донесе триумф на Белгија, Македонија останува прва до септември
Белгија и Велс одиграа натпревар преполн со голови, паднаа дури 7 погодоци а на крајот славеа Белгијците 4-3 со гол на долгогодишниот капитен на Манчестер Сити Кевин Де Брујне во 88' минута од мечот. Претходно Белгија имаше огромно водство од 3-0 но Велс направи чудо и израмни на 3-3. Сега во групата во која е и Македонија, црвено-жолтите остануваат први со 8 бода, меч повеќе од Велс кој е втор со 7 бода. Белгија е трета со четири бода но има и два натпревари помалку.