Фудбал

Лацио со пресврт до триумф на Derby della Capitale

Лацио полека ја добива битката за превлст во Рим откако триумфираат на трето дерби по ред. Овој пат тие победија на „базенот" во Рим со играч повеќе и пресврт по почетното водство на Рома.

Пескара се сретна со машинеријата на Јувентус

Екипата на Пескара ја имаше таа „среќа" да игра со Јувентус веднаш по нивниот прв пораз по 49 натпревари.

Три години без Роберт Енке

На денешен ден пред три години светот беше шокориан од веста за самоубиството на Роберт Енке. Репрезентативниот голман на Германија си го одзеде животот по долгата депресија заради смртта на двегодишната ќерка.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO за најдобите десет голови од изминатите седум денови.

Таџикистански хаос

Гостинските фудбалери од екипата на Енергетик Душанбе едвај извлекоа жива глава на гостувањето кај Истаравшан на натпревар од првата лига на Таџикистан.

Само еден црнец помеѓу тренерите во големата петорка

Во лигите на големата петорка (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) работат вкупно 98 тренери. Најмогу има Германци и Французи, а најмалку се Англичани, но од сите 98, само еден е црнец.

Евроголови во Лига Европа

Во четвртото коло од Лига Европа беа постигнати вкупно 69 голови, а некои од нив беа вистински евроголови.

Тричковски и Тасевски стрелаа во Лига Европа

Успешно коло за дел од македонските интернационалци во Лига Европа. Иван Тричковски и Дарко Тасевски се запишаа во листата на стрелци за своите тимови, а Горан Пандев забележа победа со Наполи.

Водка не е за секого

Ништо ново од Русија. Само уште еден навивач кој сакал да се „загрее“ пред натпревар, но очигледно претерал.

Спаси го Реал Овиедо

Се сеќавате ли на Реал Овиедо, поранешниот клуб на Митко Стојковски и клубот кој ги произведе Мата, Казорла и Мичу? За десетина евра можете да станете косопственик на прославениот шпански клуб и да го спасите од финансиките проблеми.

YNWA на Селтик Парк

Песната "You'll never walk alone" во 60-те години стана химна на Ливерпул, а набргу беше прифатена и ја пеат навивачи во цела Британија, Германија, Холандија, па дури и Јапонија, а една од подобрите изведби ја имаа навивачите на Селтик кои на синоќешниот натпревар против Барселона ја прославија 125-годишнината на нивниот клуб.

Проектил со 130 км/ч

Бразилскиот клуб Сао Паоло во рамките на четвртфиналето од Копа Судамерикана го победи Универсидад де Чиле со 5:0, а четвртиот гол на натпреварот беше ремек-дело од слободен удар на Рафаел Толои.

Реванш по 140 години

Првото финале на најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА Куп се одиграло во 1872-та година. По пауза од 140 години, двата финалисти повторно се сретна.

Селтик го расплака Род Стјуарт

Секако тоа беа солзи радосници од Англичанецот со шкотско потекло по победата на Селтик над Барселона од 2:1 и тоа ден по прославата на 125-от роденден на клубот.

Челси и Јунајтед се провлекоа во финишот, Селтик ја сруши Барса

Актуелниот европски шампион го победи Шахтјор со гол во 94-та минута, а Манчестер Јунајтед триумфираше во Брага со пресврт во последните минути. Најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Селтик кои ја победија Барселона.

Напредок од 21 место на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија со победата над Србија направи голем скок од 21 место и се искачи на 83-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Почина најстариот фудбалски тренер на светот

Во 96-та година од животот почина Ајвор Пауел, поранешниот репрезентативец на Велс и човекот кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалски тренер во светот.

Реал Мадрид се спаси во последна минута

Двата натпревари од најинтересната група во Лигата на шампиони завршија со идентичен резултат - 2:2. Манчестер Сити не успеа да го победи Ајакс, а Реал Мадрид извади бод против Борусија Дортмунд во самиот финиш.

26 години Сер Алекс Фергусон

На денешен ден во 1986-та година Манчестер Јунајтед го објави назначувањето на Алекс Фергусон на чело на нивната екипа. 26 години подоцна тој се уште е на клупата на нивниот тим и е најуспешниот менаџер во историјата на Премиер лигата.

Парична казна за најслабите тимови

Како да не е доволно лошо тоа што тимот ќе заврши на последното место во лигата, челниците на Фудбалската федерација на Сингапур решија да воведат и парични казни за најслабите екипи.

150.000 гледачи на финалето во Северна Кореја

Минатата недела на стадионот Рунградо во Пјонгјанг се одигра финалето на фудбалскиот куп на Северна Кореја. Секако немавме намера да даваме извештај за овој натпревар, туку сакаме само да ја доловиме атмосферата на еден фудбалски натпревар одигран пред 150.000 гледачи во одела.

Еднаш ко ниеднаш

Во женскиот фудбал едно удирање на противничка фудбалерка со топка во глава не е доволно.

Скок во празно

Има надеж за децава. Тоа е тој рефлекс и пожртвуваност што се бара од голманите.