Во финалето на фудбалскиот куп на Северна Кореја се сретнаа екипите на Спортски клуб 25 Април (роденденот на Корејската армија) и Сонбонг. Повеќе детали за овој натпревар немаме, освен информацијата дека 25 Април победи со 2:1.
Финалето се одигра на стадионот Рунградо Први Мај во Пјонгјанг. Тоа е најголемиот стадион во светот и на овој натпревар присуствуваа 150.000 гледачи облечени во одела кои културно аплаудираа како на опера. Бакљи и навивачки кореографии немаше.
Натпреварот секако се одигра и под будното око на големиот лидер Ким Јонг Ун и според гласот на презентерката на вестите, сигурно било превозбудливо финале.
Ако немате друга работа можете и да го изгледате целиот натпревар, па после да ни раскажете што имало интересно.