Алекс Фергусон е на чело на Манчестер Јунајтед точно 26 години, односно 1461 натпревари. Клупските витрини ги има збогатено со 12 трофеи од Премиер лигата, пет од ФА купот, четири од Лига купот, десет Суперкупови, како и два европски трофеи, еден од КПК, европски Суперкуп, Интерконтинентален куп...
Своето деби на клупата на Манчестер Јунајтед го имаше на 22 ноември 1986-та година на натпреварот против Квинс Парк Ренџерс, па по тој повод клубот ќе му се оддолжи на Шкотланѓанецот со статуа во близината на трибината на стадионот Олд Трафорд која го носи неговото име.
Статуата ќе биде откриена на 23 ноември, на ден пред натпреварот токму против КПР.
Изгледот на статуата се уште не е познат, но некои духовити навивачи претпоставуваат дека Ферги мора да биде претставен со некоја негова препознатлива поза како оваа: