Евроголови во Лига Европа

Во четвртото коло од Лига Европа беа постигнати вкупно 69 голови, а некои од нив беа вистински евроголови.

Иван Тричковски го постигна првиот гол за Клуб Бриж против Њукасл, но гостите освоија бод. Израмнувачкиот гол за 2:2 беше дело на Вурнон Анита.

Гол постигна и Дарко Тасевски за Кирјати Шмона, но потоа и Спарта Прага израмни со евроголот на Квеуке.

Таисон од Металист на натпреварот против Розенборг постигна гол во стилот на Марко Ван Бастен за Холандија против СССР во 1988-та година кој беше прогласен за најдобар гол во историјата на Европските првенства.

Џои Бартон за Марсеј против Борусија Менхенгладбах постигна гол од корнер во стилот на Шаќири против Англија.

9 ноември 2012 - 08:56