Фудбал

Италија поуспешна од Англија по пенал-драмата

Репрезентацијата на Италија е последниот полуфиналист откако по изведување на пенали беше поуспешна од Англија по еден од поинтересните, но и единствен натпревар на Европското првенство кој заврши без голови.

Бензема му конкурира на Рамос

Најверојатно Карим Бензема и Серхио Рамос имале кладба, па Французинот се обиде да шутне полошо од неговиот клупски колега.

Чаби Алонсо го разби француското проклетство

Репрезентацијата на Шпанија со двата гола на славеникот Чаби Алонсо за прв пат ја победи Франција по шест натпревари на големо натпреварување и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство каде ќе се сретне со Португалија.

Германија ги скроти Грците

Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија.

Летниот распуст на Балотели

Има толку многу материјал што слободно можеме да отвориме еден нов сајт само за него. Марио Балотели како да не е на Европско првенство, туку како да е отиден на летен одмор во Отешево со другарчињата од основно. Да видиме како со фотографии тој би одговорил кога наставничката во школо ќе им даде писмена со тема „Како го поминав летниот распуст".

26 години од „Божјата рака“ на Марадона

На 22 јуни во 1986-та година, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико, на натпревар кој ќе остане запаметен по двата гола на Марадона: „Божјата рака" и „Голот на векот".

Фудбалски легенди се обединија во деветтолигаш

Поранешните фудбалски ѕвезди Дејвид Симан, Грем Ле Со, Реј Парлор, Мартин Кион, Брајан МекБрајд и Клаудио Каниџа предводени од легендарниот тренер Тери Венејблс повторно се активираа и ќе настапуваат за фудбалскиот клуб Вембли во англиската деветта лига.

Роналдо за полуфинале на Португалија

Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на Европското првенство во Полска и Украина откако во четвртфиналето минимално славеше против Чешка со погодокот на Кристијано Роналдо.

Најдобрите и најлошите на ЕУРО 2012

Британскиот весник Гардијан ги состави идеалниот, но и најлошиот тим во досегашната фаза од Европското првенство врз основа на оценките кои фудбалерите ги добиваа од читателите.

Шпански тренинг во грчки стил

Шпанците применија грчка тактика на тренинг - гушкање и држење за рака.

Чесите сонуваат повторување на 1996

Продолжуваат натпреварите на Европското првенство. Вечерва ќе се одигра првиот четврт-финален дуел на кој Чешка и Португалија ќе се борат за првиот билет за полу-финалето на ЕУРО 2012.

Најдобрите елиминирани 11

Осум репрезентации веќе го напуштија Европското првенство и покрај тоа што некои од нив имаа импресивни настапи. Порталот Goal.com го состави идеалниот тим од елиминирани фудбалери на ЕУРО 2012.

Технологија во фудбалот, да или не?

Само оваа сезона бевме сведоци на многу судиски грешки, а последниот таков случај беше на натпреварот од Европското првенство помеѓу Украина и Англија. Притисокот за воведување на нови технологии во фудбалот е се поголем, но дали на фудбалот му е потребна ваква голема промена и дали таа треба да се применува само на гол линијата или и за други спорни ситуации?

36 години од легендарниот Паненка-пенал

На 20 јуни 1976-та година, репрезентацијата на Чехословачка стана европски шампион по пенал серијата на финалето против Германија кога Антонин Паненка реализираше од белата точка со дотогаш невиден удар.

Сите голови на ЕУРО 2012

За прв пат по пауза од 24 години, во групната фаза од Европското првенство не се одигра ниту еден натпревар без постигнат гол. Погледнете ги сите голови од досегашниот тек на првенството.

Европското првенство остана без домаќини

И вториот домаќин на Европското првенство, репрезентацијата на Украина е елиминирана на натпревар кој повторно ги отвори дискусиите за воведување на видео технологијата во фудбалот, чиј најголем противник е токму претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Англија и Франција се последните патници во четврт-финалето.

Нешто лошо и од Меси

Не може сѐ околу Лео Меси да биде перфектно. На пример ова е една од полошите реклами во кои учествуваат спортисти. Вистинска конкуренција со рекламата на ѕвездите од Челси.

Луда траекторија

Матиас Варг од финскиот клуб Јаро постигна прекрасен гол од слободен удар за победа од 2:3 на гостувањето кај ТПС.

Неизвесна иднината на најтрофејниот фудбалски клуб

Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е изоставен од распоредот на шкотската лига за следната сезона и му се заканува исфрлање од лигата и одземање на титули.

Соиграчите го заќутеа Балотели

Марио Балотели постигна прекрасен гол за Италија во победата од 2:0 над Ирска, а неговите соиграчи веднаш го цензурираа и го спречија да направи некоја нова будалаштина.