Понудата за Дејвид Бекам по писмен пат пристигнала од Орн Кристијанија, екипа од осмата Норвешка лига, до агенцијата која го застапува фудбалерот. И покрај возраста од 37 години, од таму велат дека веднаш би му обезбедиле место во првиот тим.
Клубот нема моќ да му понути неделна плата од 175 илјади евра, како што тоа го стори Парис Сент Жермен, затоа што 2012 година ја заврши со заработувачка од 700 евра, но во интересната понуда од управата на норвешкиот клуб му обезбедиле “посебни“ услови.
Па така, за него ќе биде прекршено правилото според кое играчите кои потпишуваат за Кристијанија мора да потекнуваат од градот од каде што е клубот. Следните поволности за Бекам се:
-една oфицијална спортска торба од тимот.
-oфицијален беџ од клубот кој ќе може да го носи на одело.
-неговиот омилен број „7".
-попуст за членарина и за разлика од другите играчи, годишно ќе плаќа во клубот по 2500 крони или 336 евра.
Обидот на Норвежаните веќе пропадна, затоа што англиската ѕвезда веќе го облече дресот на ПСЖ, а платата изјави дека ќе ја дава во добротворни цели. На овој ентузијастички тим му преостанува да се надева во следниот преоден рок, но со "малку" поинаква понуда.