Фудбал

Голови на неделата

Погледнете го изборот од најдобрите 10 погодоци од изминатата недела помеѓу кои се и мајсториите на Азар, Траоре, Кабај и Олиќ.

Гратис пијачка на стадион

Англискиот фудбалскиот клуб Мидлсбро ги примамува своите навивачи да купат сезонска влезница со тоа што им ветува гратис пијачка на секој домашен натпревар.

Нови правила за влезниците во Италија

Екипата на Рома одлучи прва да им излезе во пресрет на своите навачи кои веќе четири години протестираат против начинот на кои ги обезбедуваа билетите за гостувањата. Новиот модул за купување билети нема да им ја загрози приватноста.

Леонардо ја запроси девојката по ждребката за ЛШ

Веднаш по извлекувањето на паровите за четвртфиналето од Лигата на шампиони, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо во живо на Скај Италија ја запроси водителката.

Челси - Рубин Казан и Фенербахче - Лацио во четвртфиналето

По ждрепката за Лигата на шампионите во Нион која пред половина час ги доби двојките за четвртфиналето, љубителите на фудбалот ги дознаа и четирите парови кои ќе се борат за полуфиналето во второто по ранг клупско европско натпреварување.

ПСЖ-Барса и Баерн-Јуве во четвртфиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето на Лигата на шампиони. Најинтересни натпревари во оваа фаза ќе бидат дуелите помеѓу Баерн Минхен и Јувентус, како и ПСЖ и Барселона.

Промашувањето на Сисе

Тоа што го изведе Џибрил Сисе најверојатно не може да влезе ни во категорија промашување. Ова не е ни шут кон гол. Сепак Сисе подоцна се извади и постигна 2 гола во победата на катартскиот Ал-Гарафа над Сепахан во рамките на азиската Лига на шампиони.

Ќе се повтори ли пробното извлекување?

Денес во седиштето на УЕФА ќе бидат одредени четвртфиналните парови од Лигата на шампиони, а синоќа се одржа и пробното извлекување. Ќе се повтори ли и денес неверојатната коинциденција од осминафиналето?

Стеауа не издржа во Лондон, Тотенхем се изнамачи во Милано

Рубин Казан, Базел, Тотенхем, Бенфика, Челси, Фенербахче, Лацио и Њукасл се осумте екипи кои обезбедија пласман во четврфиналето од Лигата на европа. Најинтересно беше на „Џузепе Меаца“ каде Интер успеа да ја анулира предноста на Тотенхем, но загуби во продолженијата.

Со Металург нема играње играчки

Нашата ракометна гордост е пред голем чекор да испише нова историја во македонскиот машки ракомет. Во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, во Белорусија падна тимот на Динамо Минск кој беше тотално надигран и совладан со 26:23. 

Шахин се предомисли

Вртикапата Нури Шахин како позајмен играч од Реал Мадрид минатата година премина во Ливерпул каде помина 6 месеци кои му беа доволни за целосно да го смени неговото мислење за тренерот Брендан Роџерс.

Претседателот даде гол

На Џејми Естрада, момчето за кое пишувавме дека на 28 години од претседател на еквадорскиот клуб Манта стана играч, не му требаше многу време да го постигне дебитантскиот гол. Влезе во игра во 85 минута и по само 2 минути ја затресе мрежата на Ел Национал.

Нотс Каунти расте трева со ламби за канабис

Најстариот фудбалски клуб на светот од локалната полиција доби на подарок запленети ламби за одгледување на канабис кои ќе ги користат за да си ја растат нивната трева. Не таква трева каква што вие си мислите.

Стеауа во обид да го понижи Челси

Романскиот претставик Стеауа Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски гостува на „Стемфорд Бриџ" со минимална предност од 1:0 од првиот дуел. Тотенхем е најблиску до четвртфиналето и во Милано патува со предност од 3:0.

Скок од 5 позиции на ФИФА ранг листата

Македонија продолжува со напредокот на ФИФА ранг листата. На последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и се искачи на 73-то место.

Новиот папа навива за Сан Лоренцо

Римокатоличката црква доби нов папа, а на медиумите не им требаше многу време да прочепкаат низ минатото и да ги дознаат сите детали за Хорхе Бергољио, па дури и за кого навива. Фрањо I е голем навивач на Сан Лоренцо, а има тренирано кошарка.

Баерн едвај преживеа, Малага го елиминираше Порто

Фудбалерите на Баерн Минхен имаа огромна предност по првиот натпревар во Лондон, но малку фалеше да ја прокоцкаат. Дебитантот Малага успеа да го победи Порто со 2:0 и избори историски пласман во четврт финалето на Лигата на шампиони.

Некогаш силниот и опасен Арсенал

Арсен Венгер често пати е критикуван од англиските медиуми поради начинот на кој го гради тимот кој не носи успеси веќе 8 години. Со најквалитетните играчи кои ги имаше во 2005 година и со кои го освои последниот пехар, можеше слободно да состави два тима од кои повеќето беа врвни играчи.

Најлошиот женски фудбалски тим изгуби со 43:0

Запознајте ги девојките од фудбалскиот клуб Керфили Кесл од Велс. По 10 одиграни натпревари тие се на последното место во женската Премиер лига на Велс со гол разлика -218 и во моментов се најлошиот женски фудбалски тим на планетава.

Сув лист од скоро 40 метри

Голчиштето од слободан удар ни доага од Парагвајското првенство, а мајсторот се вика Фидел Пино кој со ова ремек дело е најзаслужен за победата на Депортиво Капиата на гостувањето против Серо Портењо. Од ефето со кое се движеше топката очекувано најмногу се збуни голманот.

Барселона и папите

Кардиналите на Римокатоличката црква ја продолжија конклавата во Ватикан за избор на нов папа, а синоќа Барселона го победи Милан со 4:0. Овие факти се дел од најневеројатниот статистички податок во фудбалот.

Арсенал во тешка мисија, Малага со историска шанса

Натпреварите Арсенал-Баерн Минхен и Малага-Порто ќе ги дадат последните два патника во големата осумка од Лигата на шампионите. Топџиите имаат негатива од 3:1 по првиот дуел на „Емирати", а Порто има минимални 1:0 против дебитантот во ова натпреварување.

Навивачи на Галатасарај копале тунел за влез на стадион

Група навивачи на Галатасарај кои немале среќа да стигнат до влезница за натпреварот против Шалке, биле фатени како копаат тунел во обидот да влезат на стадионот во Гелзенкирхен.