Екипата на Фортуна Дизелдорф загуби на домашен терен на натпреварот против Минхен 1860 на натпревар од германската втора Бундеслига, а конечниот резултат 1:2 беше поставен во 78-та минута. Победничкиот гол за гостите беше постигнат по грешка на домашниот фудбалер Тобијас Левелс, по што навивачите на Фортуна Дизелдорф започнаа со канонада од навреди на негова сметка.
Но веднаш по завршување на натпреварот навивачите ја сменија својата песна. Наместо навреди, кога навивачите ги видоа искрените солзи во очите на Левелс, тие започнаа со скандирање на неговото име.
Трагичарот со солзи во очите стана херој на навивачите за неполна минута.