Одлучувачки пенал на државно првенство за средни училишта во САД. Голманот го брани ударот и почнува да слави, но не ја применува чудната ротација на топката.
Уште една претстава во таборот на Галатасарај со истите актери. Откако Емануел Ебуе го реметеше репортерот за време на неговото известување, овој пат му ја зема работата и си направи шоу при прославата на титулата во турскиот шампионат.
Милиони навивачи на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен аплицираа за влезници, а дел од нив биле пресреќни што си купиле ефтини карти за финале од Лига на шампиони кое ќе се игра во Лондон, но не приметиле дека станува збор за женското финале.
Изминатиов период често пишувавме за морбидните игри на навивачките групи во Бугарија, Србија, Шпанија и Италија кои им копаа гробови на фудбалерите во знак на протест, но овој пат актери на глупавите игри се фудбалерите, кои за 4 дена направија две работи со кои тотално се посрамотија.
Шампионот на Германија имаше негатива од 3:1 на гостувањето против Борусија Менхенгладбах, но на сцена стапи Франк Рибери кој блесна со хет-трик и направи целосен пресврт за маестрално затворање на завесата во Бундес лигата со 91 бод.
Екипата на Атлетико Мадрид по продолженија го победи Реал Мадрид со 2:1 и ја освои титулата во Купот на кралот, а еден од најзаслужните за овој трофеј беше голманот Тибо Куртоа кој се истакна со оваа одбрана во 108-та минута.
На денешен ден пред точно 2 децении од фудбалот се прости еден од најдобрите напаѓачи во светот, славниот Холанѓанец Марко ван Бастен. Во својата кариера, која за жал поради тешка повреда мораше да ја заврши предвреме, постигна точно 300 гола.
По Србите, Бугарите и Италијанците, гробови на фудбалерите почнаа да им копаат и шпанските навивачи, а мета на ова морбидно однесување овој пат е шпанскиот второлигаш Ксерез.
Србинот Марко Девиќ кој настапува за екипата на Металист од Украина, направи гест за респект, нешто што не може да кажеме за неговите колеги кои се полакомија и успеаа да дадат гол.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер призна дека за одлуката за доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022-та година не биле земени во предвид само фудбалските, туку и политички интереси.
Италијанскиот стратег кој често пати е во центарот на вниманието во Англија, почна со строгите правила и во неговиот нов клуб кој го превзеде пред околу месец и пол.
Луис Кернс, 11 годишно момче кое навива за Ливерпул без срам и перде си се приклучи на големото славје на Челси на финалниот меч од Лигата на Европа кој се одигра пред два дена на стадионот во Амстердам.
Фудбалерите на Барселона си дозволија да испијат поголемо количество на алкохол за време на нивната парада по повод прославата на титулата, па почнаа да наликуваат на средношколци на екскурзија.
Некои навивачи за време на натпреварите користат пиротехника, знамиња, тапани, мегафон... а некои ксилофон. Да, точно, КСИЛОФОН и тоа концертен ксилофон во оригинална големина.
Еден бразилски новинар до толку се изнервира од одлуката на Жозе Мурињо да не присуствува на прес конференцијата пред финалето од шпанскиот куп, па својот бес го истури на брошурата на Реал Мадрид.
Најпопуларниот англиски фудбалер кој многумина го сметаат и за модна и фудбалска икона, по завршувањето на сезоната најавува дека ќе се повлече од фудбалот со образложение дека сега е вистинскиот момент да се прости од најважната споредна работа во светот додека игра во солидна форма.
Џиџи Буфон настапува за Јувентус веќе 12 години и не го напушти клубот дури и во најтешките времиња, а навивачите го сметаат за еден од нив, но тој не навива за италијанскиот шампион. Во неговот срце има место само за четвртолигашот Карарезе.
Колку и да му пречеа фудбалерите во шеснаесетникот, несфатливо е како може вака да реагира голманот на Филаделфија при изведувањето на корнерот на познатиот фудбалер на Лос Анџелес Галакси, Лендон Донован.
Гери и Фил Невил и Франк и Роналд Де Бур се најпознатите браќа кои оставија белег во фудбалот и кои ќе останат запаматени во пакет. Но на фудбалската европска сцена од наредната година ќе гледаме две нови имиња на кои им престои блескава иднина.
До сега невиден пример на фер-плеј потег во фудбалот. Челниците на женскиот фудбалски клуб Лион им понудија на нивните колеги од Монпеље преигрување на полуфиналниот дуел од купот кој тие го добија затоа што судијката го уништи натпреварот.
Легендарниот Аргентинец Хуан Роман Рикелме игра во топ форма и на 34 години. По победата од 1:0 на домашен терен, екипата на Бока Јуниорс одигра 1:1 на гостувањето кај Коринтијанс со што го елиминираше актуелниот шампион од Копа Либертадорес. Голот на Бока беше ремек-дело на Рикелме.
Џабе им беа на фудбалерите на Бенфика сите напади и шанси против Челси кога овој тим е проколнат и тоа од својот најуспешен тренер во историјата, а оваа клетва ќе ги држи уште 49 години.