Русија обезбеди директен пласман на Светското првенство освојувајќи ја првата позиција во групата Ф, а Португалија како второпласирана репрезентација ќе игра во баражот.
Но можеше и да биде поинаку доколку Русија загубеше, а Португалија извојуваше повисока победа над Луксембург. Репрезентацијата на Азербејџан со фудбалер помалку успеа да израмни на 1:1 во 90-та минута и наместо да тргнат во напад во последните минути, тие се повлекоа и немо ги набљудуваа Русите како си додаваат меѓу себе.