Фудбал

Втората тренерска младост на Јуп Хајнкес

„Тиранинот" чии фудбалери повраќаа по напорните тренинзи работени по застарени методи, пред 6 години замина во пензија, но стариот тренер кој почна да ги слуша Ријана и Лејди Гага, со ново лице на голема врата се врати во светскиот фудбал.

Голман донесе титула во 93-та минута

Мојсес Муњоз е фудбалскиот херој на денот. Голманот постигна гол во 93-та минута и му ја донесе титулата на својот клуб во првенството на Мексико и покрај тоа што неговиот тим губеше и играше со фудбалер помалку.

Втора куп титула за Тетекс

Тажното финале пред празните трибини на Националната арена Филип II во вториот обид им припадна на фудбалерите на Тетекс кои триумфираа по изведување на пенали.

Баерн Минхен на тронот на Европа

Баерн Минхен стигна до петтата шампионска круна во најквалитетното клупско европско натпреварување. Со голот на Аријен Робен во 89 минута фудбалерите на Баерн славеа со 2:1 во првото германско финале од Лигата на шампионите.

Голови на неделата

Погледенете го изборот на TVGOLO од најдобрите голови за изминатата недела, а помеѓу нив и мајсториите на Бејл, Гоби, Ди Натале, Постига, Рибери...

Од Дортмунд со љубов

Кој вели дека Германците немаат смисла за хумор? Борусија Дортмунд го шармираше и освои Лондон со интересна кампања пред финалето на Лигата на шампиони.

Македонски Телеком ја одбрани титулата во Бизнис лигата

Екипата на Македонски Телеком е старо-нов шампион во третото издание на Бизнис лигата откако во неизвесно финале го совлада тимот на UNIQA по изведување на пенали. ЈСП со победа над ЕЛЕМ го освои бронзениот медал.

Вембли низ историјата

Првата светска титула на „Гордион Албион", Рагби, Бокс, Трки со коњи, Олимпијади. Еден од најпознатите стадиони во светот беше домаќин на многу спортски случувања пред да се реновира во 2007 година. Утревечер ќе ги нагости двете најдобри екипи од Европа кои ќе го одиграат првото историско финале од Лигата на шампионите.

По една клоца за Блатер и Платини

Контроверзниот газда на италијанскиот фудбалски клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно сака да биде во центарот на вниманието па реши да ги критикува Сеп Блатер и Мишел Платини.

Лигата на шампионите полни 20 години

Најквалитетното европско натпреварување помеѓу најдобрите екипи од стариот континент постои од 1955 година под називот Куп на шампиони или Европски Куп, но пред 20 години УЕФА одлучи да го применува во името „Лига на Шампиони". Екипата која прва го подигна пехарот под новиот назив е Олимпик Марсеј.

Бекам го збуни светот со Лориен и Лејтон Ориент

Стотици луѓе се јавиле во канцелариите на англискиот третолигаш Лејтон Ориент затоа што им се слушнало дека последниот натпревар на Дејвид Бекам ќе биде против овој тим, а всушност ПСЖ во последното коло му гостува на Лориен.

ЈСП Реал Мадрид

Замислете дека стоите на автобуска станица во лето на 40 степени и наместо еден од старите автобуси на ЈСП, ви дојде луксузниот автобус на Реал Мадрид кој чини над милион евра.

Берлин и Варшава домаќини на финалињата во 2015

Европската куќа на фудбалот ги одреди двата града кои ќе ја имаат честа да бидат домаќини на двете финалиња од најквалитетните клупски европски натпреварувања за три години.

Тарабт казнет затоа што не сакал да се мери

Еден од најдобрите играчи на Квинс Парк Ренџерс, Адел Тарабт демонстрираше редок случај на недисциплина во клубот и поради тоа си доби висока парична казна од 60.000 фунти.

Навивачки нереди во Украина

Немили сцени на натпревар од украинската втора лига помеѓу Полтава и Олександриа. Полициските сили не успеаа да ги раздвојат навивачките групи и ситуацијата излезе од контрола.

Фудбалер на Ливерпул заработил 15 000 фунти од дресот на Кантона

Приказната датира од финалниот натпревар од ФА Купот пред 17 години помеѓу екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кога на крајот капитените си ги размениле дресовите, но од целата работа фудбалерот на Ливерпул Нил Рудок си направил бизнис.

Орлите што личат на Венгер

Арсен Венгер личи на белоглав орел или белоглавите орли личат на Арсен Венгер. Звучи неверојатно, но на интернет постои дури и таква вебстрана.

Србинчето од паркот во Флорида стигна до финале на ЛШ

Босанскиот Србин кој беше откриен пред 9 години во парк во Флорида, ќе стане првиот Американец кој играл на финале од Лигата на шампиони. Ова е само фрагмент од неверојатната биографија на Невен Суботиќ.

UNIQA и Македонски Телеком во финалето на Бизнис Лигата

Вечерва во СЦ Борис Трајковски се одиграа полуфиналните натпревари од завршната фаза на Бизнис лигата по кои екипите на UNIQA и Македонски Телеком изборија пласман во големото финале.

Скандалозно финале на Купот на Македонија

Завршницата на 21-то издание од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија помеѓу тетовските ривали траеше само половина час откако на два пати беше прекинато заради испадите на навивачите.

Лондон го стартуваше фудбалскиот фестивал

Како вовед пред најголемиот фудбалски празник во годината, финалето од Лигата на шампионите кое се играа оваа сабота на „Вембли", Лондон ќе биде домаќин на неколкудневна богата спортска програма во чест на 150 годишнината од оформувањето на Фудбалската Асоцијација на Англија.

Рома го претстави новото лого

Со иста форма и без големи промени, тимот од Рим се пофали со новото лого на клубот.

Најлошиот од Премиер лига колку Борусија и Баерн заедно

Квалитетот на германската Бундеслига расте од година на година, а Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во моментов се најдобри во Европа, но сепак тие заедно од ТВ права заработуваат колку еден Квинс Парк Ренџерс.

УЕФА помилува шест клубови

Европската куќа на фудбалот одлучи да им ги повлече казните на Малага, Хајдук, Осијек, Партизан, Војводина и Динамо Букурешт кои имаа забрана за настап на европските натпреварувања.