Одличната мускулатура на Кристијано Роналдо знаеме како изгледа откако ќе го соблече дресот по натпревар за да се пофали со коцките на стомакот на кои се палат неговите љубителки. Но изгледот и неговата физичка подготвеност тој не ги остварува само со обични тренинзи.
Шпанскиот дневен весник „Ел Мундо" ни ја открива тајната на ѕвездата од Реал Мадрид кој користи терапија наречена Криотерапија со помош на која во посебна сауна си ги релаксира мускулите и ја зголемува циркулацијата на крвта.
Роналдо во период од две до три минути го изложува телото на температува од -200 степени, остварува регенирирачки процес на клетките, а тоа му помага и за побрзо закрепнување од повреди како и голем напор на мускулите.
Ова задоволство чини 45.000 евра и откако португалскиот репрезентативец кој заработува 17 милиони евра годишно го испробал во една клинина, за брзо време си го набавил и во својот дом. Чувството го споредуваат со оргазам, а специјалистите велат дека тој што ќе го проба еднаш, повторно ќе сака да го повтори.
Оваа криосауна ја користи и фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери.