
57 годишниот Питер во саботата ја прекина долгата традиција стара скоро четири децении, а тоа се натпреварите на третолигашот Вулверхемптон и возењето за секој натпревар на домашен терен по 225 километри во еден правец. Но свадбата на ќерка му овој пат се покажа како поважна, а клубот му го направи најголемото изненадување кој би го посакувал секој навивач.
„Додека се одвиваше сликањето, ме викнаа кај ќерка ми и одеднаш од зад мојот грб се појави Стив Бил. Не можев да поверувам. Тој е херој на клубот, многу сум му благодарен нему, на клубот и на спонзорот на лигата Скај Бет кои ми го овозможија ова и кои го направија овој ден посебен за мене", изјави Питер.
Стив Бил е најдобар стрелец во историјата на Вулверхеммтон со 306 голови, а само во првите две сезони во клубот каде потпиша во 1986 година успеа да даде вкупно 102 погодоци. Легендарниот играч со најголемиот навивач зборувале за старите времиња, како и за денешното време на клубот, а голгетерот бил зачуден кога слушнал дека Стив патува секој викенд по 550 километри за да го гледа својот тим во живо.
Стив нашол начин како да биде постојано во тек околу настаните на мечот помеѓу неговиот Вулверхемтон и Ковентри кој завршил 1:1 и деталите ги следел преку текстуална содржина на својот мобилен телефон.
За следното коло во кое Вулверхемтон го пречекува на домашен терен тимот на Олдам, навивачите планираат да му приредат уште едно изненадување, а тоа е негово претставување за време на полувремето.
„Има многу навивачи со одлични стории за тоа колку пати ги следеле натпреварите на нивниот омилен тим, но сигурен сум дека никој не може да го достигне Питер кој нема пропуштено меч 37 години. Би сакале неговата лојалност да ја потенцираме за време на следниот меч", рече еден од навивачите.
Питер кој навива за својата екипа од 1970 година и кој претходниот меч кој го пропуштил на домашен терен се одиграл во 1976 против Тотенхем, рече дека следното коло сигурно ќе присуствува на стадион.