Мухамед Демири гостува на „Местаља“

Единствениот наш претставник во Лигата на Европа го има најтешкото гостување во третото коло од второто по ранг клупско европско натпреварување. Најлесните гостински соочувања пак вечерва ги имаат Тотенхем, ПСВ и Лацио кои ќе бркаат по три бода.

Вкупно 9 екипи од 11 групи вечерва се во обид да стигнат до максимален број на бодови во третото коло од Лигата на Европа. Нашиот интернационалец Мухамед Демири со тимот на Сент Гален ќе има тешка задача на дуелот против Валенсија на гостински терен.

Покрај Шпанците најголемата фаворитска улога вечерва пред своја публика ќе ја имаат и екипите на Фиорентина, Лион, Динамо Киев и Свонси, а триумфално на гости се очекува да минат Тотенхем, Лацио и ПСВ.

Третата рунда во второто по квалитет европско фудбалско натпреварување ни носи и бугарска пресмета помеѓу Черноморец и Лудогорец кои се среќаваа во Б групата.

Група А
Свонси – Кубан
Валенсија – Сент Гален

Табела: Свонси 6, Сент Гален 3, Валенсија 3, Кубан 0

Група Б
Черноморец – Лудогорец
Динамо Загреб – ПСВ

Табела: Лудогорец 6, ПСВ 3, Черноморец 3, Динамо Загреб 0

Група Ц
Елфсборг – Есбјерг
Салцбург – Стандард

Табела: Салцбург 6, Есбјерг 3, Стандард 1, Елфсборг 1

Група Д
Виган – Рубин
Варегем – Марибор

Табела: Рубин 6, Виган 4, Варегем 1, Марибор 0

Група Ц
Фиорентина – Пандури
Фереира – Днипро

Табела: Фиорентина 6, Днипро 3, Пандури 1, Фереира 1

Група Ф
Бордо – АПОЕЛ
Ајнтрахт Франфурт – Макаби Тел Авив

Табела: Ајнтрахт Франкфурт 6, Макаби Теч Авив 4, АПОЕЛ 1, Бордо 0

Група Г
Динамо Киев – Тун
Генк – Рапид Виена

Табела: Генк 6, Тун 3, Динамо Киев 1, Рапид Виена 1

Група Х
Фрајбург – Есторил
Либерец – Севиља

Табела: Севиља 6, Либерец 4, Фрајбург 1, Есторил 0

Група Ј
Аполон – Лацио
Трабзон – Легија Варшава

Табела: Лацио 4, Трабзон 4, Аполон 3, Легија Варшава 0

Група К
Анжи – Тромсо
Шериф – Тотенхем

Табела: Тотенхем 6, Шериф 2, Анжи 1, Тромсо 1

Група Л
Шахтјор Караганди – АЗ Алкмар
ПАОК – Макаби Хаифа

Табела: АЗ Алкмар 4, ПАОК 4, Макаби Хаифа 1, Шахтјор Караганди 1

24 октомври 2013 - 12:13