По ремито од 1:1 против Атлетико Рафаела во петокот, тренерот на Килмес се качил на трибината и му удрил три бокса на еден навивач кој го навредувал за време на натпреварот.
Веднаш по инцидентот Вивас се извинил и си поднел оставка. 44-годишниот тренер го напушти Килмес со освоени 14 поени на 12 натпревари.
Нелсон Вивас ја започна и ја заврши кариерата во Килмес, а во својата богата кариера има настапувано и за Бока Јуниорс, Арсенал, Селта, Интер и Ривер Плата, а 39 пати го носел и дресот на аргентинската репрезентација.