Ги заборавиле дресовите, па купувале чкарт од тезга

Економот на еден од најпознатите колумбиски фудбалски клубови, Индепендиенте Санта Фе ги заборавил гостинските дресови, па фудбалерите одиграле натпревар со два различни дресови на кои лепеле и цртале бројки.

Фудбалерите на Индепендиенте Санта Фе допатувале на гостувањето во градот Тунџа на натпревар против Бојака Чико, но не и нивните гостински дресови.

Економот ги понесол домашните црвени дресови, но челниците на Бојака не прифатиле тие да играат со нивните гостински дресови, па фудбалерите на Санта Фе го започнале натпреварот со сивите дресови за тренинг. На овие дресови им недостигале бројки на грбот, па пред натпреварот фудбалерите си залепиле бројки со бела леплива трака.

Но во комбинација со потта на фудбалерите, бројките во текот на првото полувреме почнале да се одлепуваат и судијата и делегатот не им дозволиле во вториот дел да играат со истите дресови.

За среќа градчето Тунџа се наоѓа во близина на Богота и таму живеат многу навивачи на Санта Фе и околу стадионот на тезги се продавале навивачки реквизити, па на полувремето економот купил чкарт дресови.

И на овие дресови немало бројки, но наместо леплива трака која паднала во првото полувреме, фудбалерите на Санта Фе овој пат биле покреативни. Тие си нацртале бројки со фломастер и со такви дресови го одиграле второто полуврме и победиле со 0:2.

22 октомври 2013 - 10:07