Навивачите на уругвајскиот клуб Национал кои пред неколку месеци им го срушија рекордот на најголемо знаме во светот на големите ривали и навивачи на Пењарол, овој пат го распослаа за време на пријателскиот меч против Атлетико Мадрид.
Според резултатите од најновото истражување на Фудбалската асоцијација на Англија, повеќе од половина љубители на фудбалот помислуваат на најважната споредна работа на светот најмалку по еднаш секоја минута.
Видеото на кое Марио Балотели ја свири химната на Италија во присуство на Андреа Пирло, со молскавична брзина се рашири на интернет и стана хит на социјалните мрежи. Жалиме што ќе ве разочараме, но клипот е монтажа.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
Повратникот во првата француска лига успеа да продаде три пати повеќе билети од историската 2003 година кога под водство на Дидие Дешамп се избори за сензационален пласман во Лигата на шампионите каде беше поразен од Порто.
Голманот на еквадорскиот клуб Барселона, Максимо Бангуера се покажа како многу лош губитник. По поразот на домашен терен од Емелек, тој му удри шамар на противничкиот капитен и поранешен колега од репрезентацијата, Педро Кинонеза.
Кристал Палас се враќа во Премиер лигата по пауза од осум години, па тренерот Јан Холовеј ги презема сите можни мерки за да ги мотивира своите играчи. Тој најми поранешен светски шампион во бокс да ги хипнотизира фудбалерите.
До крајот на трансфер периодот има уште скоро цел месец, а неколку ангажмани на фудбалери веќе ги срушија рекордите во некои земји и клубови. Најмногу до сега ќесето го одврзаа газдите во Англија и Франција.
Одличната форма која нашиот капитен ја круниса со четири погодоци на исто толку пријателски натпревари за Наполи, најпрестижниот портал за фудбал „Goal.com" ја награди со титулата најдобар фудбалер за изминатата недела.
Сезоните во Топ 5 лигите сè уште не се започнати, но тоа не значи дека немаме шанса да видиме убави голови постигнати во веќе аткивните лиги. Најдобриот гол овој викенд го постигина Ерменецот Јура Мовсисјан кој со овој проектил му донесе бод на Спартак на гостувањето кај Кубан.
Во периодов кога сите медиуми се опседнати со шпекулации и разни невистини за трансфери на фудбалерите, да погледнеме како функционира тој „расипан телефон" и како се шират трансфер гласините.
Според XXII издание на годишниот извештај за финансиите во фудбалот кој го прави ревизорската куќа Делоит, приходите во европскиот фудбал растат повеќе од било кој друг сектор во економијата.
Не велиме дека треба да става по кило гел дневно како Кристијано Роналдо, но ако барем малку му беше грижа за косата немаше да ја избере најлошата фризура која потсетува на крупни сипаници. Александар Митровиќ од Партизан е нашиот офсајд лик на неделата.
По Арсенал, нашиот капитен одличната гол серија ја продолжи и против Порто. Пандев го отвори резултатот во 43 минута со прецизен удар од белата точка, но тоа беше се што направија Наполитнаците на мечот од Емирејт купот во кој загубија со 3:1. За него ова е четврти гол на подготвителните мечеви.
Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.
Најдобриот македонски фудбалер се наоѓа во одлична форма пред почетокот на новата сезона. По головите против Капри и Галатасарај, Горан Пандев стрелаше и против Арсенал.
Последниот месец од летниот трансфер период стартува денеска, а по доаѓањето на Тевез и Љоренте во Јувентус, Игуаин и Калехон во Наполи и Марио Гомез во Фиорентина, еве ги 10-те фудбалери кои би требало да ги одбележат завршните 30 дена во Серија А.
Англичанецот Даниел Мекбрин кој настапува за Шангај немаше време ниту да погледне каде се наоѓа голот пред да го испали овој шут со кој го изненади голманот на екипата на Даниел Аербин.
Стандардните наградни игри носат телевизор, автомобил или некоја парична награда, но ова е многу пооргинално и претставува сон за секој навивач кој би се "стопил" од радост ако му се случи.