Фудбал

Пандев со Наполи ќе брка осминафинале во Дортмунд

Претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите може да донесе целосна разврска околу патниците во следната фаза, барем во вечерашната ноќ каде во центарот на вниманието повторно е групата на смртта. Еве што имате за играње на Типстер.

Фудбалска Европа полуде по шкотскиот Меси

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Њукасл, Евертон... се само дел од екипите кои испратија свои скаути за 17-годишниот Рајан Гоулд, а на последниот натпревар тој покажа дека не е за џабе тоа што го викаат „мини Меси".

Голчиште ипол

Мајсторските голови често пати ни доаѓаат од ниските лиги, а овој пат го издвојуваме овој волеј удар од петтата англиска дивизија. Актерот е дефанзивец, а одбиената топка не дозволи да му тапне на земја, туку ја реши со два потези.

Навивачите на Сити тролаа со “срцето на Бејл“

Фудбалерите на Тотенхем доживеаа дебакл на вчерашното гостување во Манчестер, а дополнителен сеир претрпеа од навивачите.

Одлуката на Пандев не е кукавичка, мора да има причина за тоа

За мене е нон-сенс публиката да го исвиркува нашиот лидер Горан Пандев кој секогаш кога игра за репрезентацијата има на грб по двајца-тројца чувари. Го познавам лично и убеден сум дека ќе ја промени избрзаната одлука-вели за офф.нет Панче Ќумбев.

Ја рогна преку трибина

Французинот Гаел Какута кој е позајмен од Челси во Витесе, го изведе најлошиот шут на фудбалските терени оваа сезона. Во Македонија овој шут се вика „ја прати во пченките".

Локалниот клуб се сака и со дониран тутун

Големите европски клубови заработуваат од навивачите со наплаќање на членарини, продажба скапи влезници и навивачка опрема, а еден наш третолигаш опстанува со дониран тутун од страна на навивачите.

Фергусон заплашувал фудбалери со сабја

Сер Алекс Фергусон е познат по својот темперамент и не многу пријатниот третман кон фудбалерите кои не ги исполнувале неговите очекувања, а еден негов поранешен ученик откри уште еден начин на кој тој им држел лекции на играчите.

Меси пушти солза за македонскиот фудбал

Дури и на Лионел Меси му падна жал за празните трибини и мизерната состојба во која се наоѓа македонскиот фудбал.

Пеп го бара „кртот“ во Баерн Минхен

Баерн Минхен славеше на дербито при гостувањето кај Борусија Дортмунд со 0:3, но стратегот Пеп Гвардиола не е многу среќен. Некој фудбалер ги издал неговите тактики во медиумите.

Балотели: Ова е крај

Напаѓачот на Милан синоќа го промаши вториот пенал во својата кариера и не успеа да му донесе триумф на својот тим, а потоа почна да ги пецка своите фанови утринава на Твитер.

Пандев се повлече од репрезентацијата

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација ја извести ФФМ дека одлучил да и стави крај на репрезентативната кариера.

Голови на неделата

За време на паузата заради интернационалните натпревари не се одиграа голем број на дуели, но сепак видовме повеќе квалитетни погодоци. Ова се најдобрите 10.

ЕУ бара итно да се реши проблемот со “робовите“ во Катар

Притисокот кон земјата домаќин за Мундијалот во 2022 година се зголемува. Европската комисија е новата високо политичка институција која го осудува третманот на работниците мигранти во Катар кои работат во ненормални услови во изградбата на стадионите.

Како да ја земеш топката без допир?

На Копакабана во Рио де Жанеиро бразилските минувачи уживаа во мајсториите на еден уличен фудбалер, но шоуто на крај му го превзема познатиот магионичар Динамо од Велика Британија. Тоа што го направи со топката само знаеме дека го викаат магија и толку.

Ножички на стари години

Иако има 42 години, поранешниот словенечки фудбалер Фреди Бобиќ кој е спортски директор на Штутгарт, успеа да ја направи најдобрата атракција на хуманитарен натпревар, а му асистираше пензионираниот голман Јенс Леман.

Најпродаваните дресови во 2013

Се ближи крајот на 2013-та, па време е да почнеме со сумирањето. Ова се статистиките од продажбата на дресовите до ноември кои нема многу да се променат до крајот на годината.

Убаво е да си соиграч на Златан

Освен тоа што повремено може да добијат ќотек, соиграчите на Златан Ибрахимовиќ може некогаш да добијат и некој подарок. Швеѓанецот на своите колеги од ПСЖ им поделил по еден Xbox со неговиот потпис и нивното име и број.

Пријателско дерби на трибини, но пеколно на теренот

Викендов во Премиер лигата ќе се одигра Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, натпреварот кој е познат како пријателско дерби на трибините со фамилии поделени на „црвени" и „сини", но најнедисциплиниран дуел на теренот.

Тим од остатокот на светот на Светско првенство

Неодамна претседателот на УЕФА, Мишел Платини предложи нов формат на Светските фудбалски првенства со 40 учесници, но наместо ширење на Мундијалот, нели би било попаметно да се вклучи само уште една репрезентација составена со фудбалери од остатокот на светот?

Човекот кој замолчи 200.000 Бразилци на Маракана

Селекцијата на Уругвај е 32-от и последен патник кој ја завери визата за Светското првенство наредната година, а дел од неа е се уште живата легенда Алсидес Гиџа кој со историскиот гол во финалето пред 63 години во Рио де Жанеиро, предизвика ден на жалост во Бразил.

Суарез сака блиски средби

Не знаеме дали го трола или сака да го гризе, но како и да е контроверзниот уругвајски напаѓач побара од играч на Јордан да му прави друштво и кога изведува корнер. Овој изгледа се сетил на случајот со Ивановиќ па реши да се повлече.

Српски фудбалер заробен во Иран

По Французинот кој изјави дека му доаѓа да се самоубие затоа што не може да го напушти Катар, уште една слична приказна ни доаѓа од Средниот Исток.

Шалке не го заборава Адолф

Го сметаат за митска легенда на клубот и еден од најзаслужните за најголемите успеси во историјата на Шалке, но кариерата ја завршил поради загубена битка во Втората светска војна. По 70 години го погребуваат до стадионот во Гелзеркирхен.