Фудбал

Голови на неделата

Во изминатиот период паузираа националните првенства, но прекрасни голчишта видовме и на квалификациските натпревари на репрезентациите. Ова се најдобрите 10.

По 37 години ќе пропушти меч на својот омилен клуб

Верноста на еден од најголемите фанови на англискиот третолигаш Вулверхемтон нема да згасне, туку поради свадбата на ќерка му само за момент ќе ја прекине долгата негова традиција која трае речиси четири децении.

Понуда во порно филм за Асприља

Поранешниот фудбалер на Парма и Њукасл за еднонеделна работа како порно глумец доби понуда од 10.000 долари.

Французите не навиваат за Франција

Фино би било да видиме едно вакво слично истражување и за нашите фудбалери за тоа колку се заложуваат за националниот дрес, што им се вртело во главите во Јагодина и дали имаат повисок рејтинг од политичарите, како што тоа не е случај со француските ѕвезди.

Гол на несакајќи

Фудбалерите на еден грчки нисколигаш го постигнаа најефективниот ненамерен гол со глава кој ќе го видите на фудбалските терени.

Нефер игра

Њујорк Тајмс преку илустрирана приказна им ги објаснува на Американците проблемите на англискиот фудбал со претерано скапите влезници кои ги бркаат вистинските навивачи од стадионите.

Меси најдобар, Диего Коста најефикасен

На околу два месеца од почетокот на првенствата, специјализираниот портал за статистика „whoscored" ги направи најдобрите состави со играчи од најсилните пет лиги кои до сега оствариле највисоки просечни оценки во досегашните натпревари.

Кутриот студентски голман

Џордан Скарлет на универзитетски натпревар во САД испрати “бомба“ во манир на голем стрелец по која станаа на нозе сите негови соиграчи од клупата, но доби огромна помош од јадниот чувар на мрежата кој ја направи најлошата можна интервенција.

Режисерот стигна до бараж за Светско првенство

Најголемото изненадување во квалификациите за Светското првенство секако е репрезентацијата на Исланд чиј голман не е ниту професионален играч. Тој работи како режисер и негово најпознато дело е минатогодишниот спот за Евровизија.

Еквадорско голчиште

Јунак на куп мечот во Еквадор помеѓу Депортиво Универзитариа и Депортиво е Кенет Арк со овој решавачки мајсторски лоб удар на кој не ни мрдна голманот.

Гратис роба на трансфер листата за наредната година

Скапите играчите не се секогаш гаранција за успех, а ова ќе почекаме да видиме дали ќе важи за Герет Бејл и Реал Мадрид. Познатите фудбалски имиња на пазарот со завршени договори може да имаат голем придонес и покрај тоа што не чинат ниту едно евро, па еве го најдоброто за наредната сезона.

Нема лабаво со овој голман

Да има втор живот Рожерио Сени сигурно дека наместо голман ќе одбере да биде напаѓач. 40 годишниот Бразилец целата кариера му ја посвети на Сао Паоло, па откако веќе не му е предизвик да ја зголеми бројката од 112 голови, почна да дрибла.

Блатер е лопов

Во минатото беше познат како одличен напаѓач, а сега опасно напаѓа и надвор од терените. Бразилецот Ромарио кој сега плива во политички води, ги критикуваше челниците на ФИФА.

Панамскиот шок

Репрезентација на Панама ја делеа само 90 секунди од бараж натпревар против Нов Зеланд, но ја пропуштија шансата за прв пласман во историјата на едно Светско првенство. Панама водеше со 2:1, но САД направи пресврт во 92-та и 93-та минута, а фудбалерите не го поднесоа лесно овој пораз.

Венгер и Арсенал запеаа Квин

Феноменален клип од страна на еден од авторите на познатиот блог посветен на Арсенал - Gunnerblog. Прилагодениот текст на "Don't stop me now" за одличната форма на Арсенал го „пее" Арсен Венгер со помош на Арон Ремзи, Месут Озил, Џек Вилшир, Пер Мертесакер, Метју Фламини...

Џентлменот на Интер кој си замина со 16 трофеи

Солзи, радост, турбуленции, успеси. Во 18 годишната ера на „Џузепе Меаца" Масимо Морати успеа да ги надмине најголемите кризи на клубот, но и да ги дочека најблескавите моменти, како историската 2010 година кога Интер стана првиот италијански тим со тројна круна во една сезона.

Полоши и од Уганда и Габон

Откако македонската фудбалска репрезентација го оствари историскиот неуспех со пласманот на последната позиција во квалификациската група, следи и пад од 11 позиции на ФИФА ранг листата.

Новиот дом на Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека клубот е во преговори за продажба на името на стадионот Сантјаго Бернабеу кој наскоро треба да добие и нов изглед. Ова се предложените опции:

Играчите кренаа глас против хаосот во репрезентацијата

По дебаклот со Србија и најлошиот пласман во историјата на фудбалската репрезентација, со свои реакции се јавија неколку фудбалери, а капитенот Горан Пандев дури најави и повлекување од националниот тим.

Да се забрани професионален фудбал во Македонија!

Репрезентацијата повеќе ни личи на материјал за расад на ЈП „Паркови и Зеленило" отколку на тим со фудбалски талент. Нити талент имаме, тим уште помалку, па да дојде и специјалниот Жозе Мурињо химселф ништо нема да направи.

Фудбалските велесили кои неочекувано пропуштиле Мундијал

Фудбалот е непредвидлива игра која често знае да изненади, како што вчеравечер тоа се случи со Панама која само неколку секунди ја делеа од пласман на светско. Историјата покажува дека речиси и да нема голема репрезентација која не почуствувала како е да се гледа Мундијал на ТВ, место да се биде учесник.

Полската навивачка страст заврши со 35 уапсени

Навивачите на Полска не ја гледаат табелата и шансите на нивната репрезентација за пласман на СП во Бразил. Тие едноставно последното коло од овој квалификациски циклус го искористија за шоу на „Вембли", но и отворија работа и на полицијата.

Инзаги втор дел

Не бил само Чичарито вчера несреќен. Португалија вчера го имаше водството од 3:0 против Луксембург, но ваква завршница како на Хуго Алмеида мислевме дека може да направи само некој наш репрезентативец. Да му дадеш уште 10 пати да шутира, сигурно нема да успее да ја погоди пречката.

Англичаните се степаа меѓу себе

Младата репрезентација на Англија ја растури Литванија со 5:0 во рамките на квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, но не одеше се како подмачкано. Вилфред Заха од Манчестер Јунајтед и Равел Морисон од Вест Хем се судрија на теренот, па мораа да бидат разделени од соиграчите.