Роналдо продава повеќе дресови од цел Баерн Минхен заедно

Кристијано Роналдо не само што е најдобар фудбалер на светот (според ФИФА), туку тој и продава најмногу дресови.

Најмногу дресови во 2013-та година продале Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Двата европски гиганти продале по 1,4 милиони дресови, а за еден милиони дресови од вкупната продажба на Реал Мадрид е заслужен само еден фудбалер - Кристијано Роналдо.

Најдобриот фудбалер на светот за 2013-та година според ФИФА има продадено повеќе дресови од скоро сите останати клубови. Исклучок се само Манчестер Јунајтед и Барселона. Каталонците во 2013-та година продале 1,15 милиони дресови.

Помалку од Роналдо имаат продадено и Челси (910.000), па дури и европскиот шампион Баерн Минхен (880.000).

Во Топ 10 клубови според бројот на продадени дресови се вбројаа и Ливерпул (810.000), Арсенал (800.000), Јувентус (480.000), Интер (425.000) и Милан (350.000).

7 април 2014 - 13:32