Тешко е да си навивач на Манчестер Јунајтед оваа сезона. Навикнати на успесите од минатото под водство на Алекс Фергусон, оваа сезона тие не можат да кренат глава од разочарувања откако на клупата седна Дејвид Мојс.
Некои од нив својот револт го искажуваат со разни пораки и знамиња на натпреварите, неколкумина дури и најмија авион со кој му пратија порака на Мојс, а некои од нив престанаа да одат на стадион.
Овие последниве добија утеха од една компанија која продава компјутерски игрици. Секој навивач на Манчестер Јунајтед во замена за својот сезонски билет може да добие гратис FIFA 14.
Понудата не важи само за навивачите на Манчестер Јунајтед. Игрица можат да добијат и навивачите на Кардиф и ВБА чии клубови оваа сезона водат борба за опстанок во Премиер лигата.