Фудбал

Развојот на иранскиот фудбал

Селекцијата на Иран го игра четвртиот Мундијал во својата историја. Според најновата ранг листа на ФИФА таа е прва во Азија, а 43-та во светот, што и не е баш за верување откако ќе фрлите око во нивната лига.

Прво реми во Бразил

Селекциите на Иран и Нигерија го одиграа првиот нерешен и здодевен натпревар на Мундијалот во Бразил, а воедно тоа е и првата пресметка на која мируваа мрежите на ова Светско првенство.

Германската машинерија пресилна за Португалија

По стапките на речиси сите фаворити, и фудбалерите на Германија победнички ја стартуваа мундијалската авантура во шестиот фудбалски ден во Бразил. Жртва беше селекцијата на Португалија која беше прегазена со 4:0.

Супермоделот Роналдо се стега за Германија

Мускулестото тело на ѕвездата на Реал Мадрид тешко се достигнува. За тоа треба потење, строг режим на исхрана, редовен сон и многу многу часови во теретана. Затоа никој не може да го натскока.

Дивјачко влегување на Маракана

Снимките се од синоќешниот меч помеѓу Аргентина и БиХ на СП Бразил 2014, а не од македонската дива лига. 

Стадионите од сите финалиња на Мундијалите

Најмалата поддршка на досегашните 19 финалиња на Светските првенства ја имале репрезентациите на Унгарија и Италија кои финалето во Париз го играле на стадион кој собирал само 14.000 гледачи. Честа да играат пред рекордни 107.000 навивачи ја имале селекциите на Бразил и Аргентина кои станаа Светски прваци во Мексико 1970 и 1986.

Лекцијата на Сафет Сушиќ за Аргентинците

Предводникот на селекцијата на Босна и Херцеговина синоќа одлично ја постави играта против една од фаворизираните земји за освојувањето на Мундијалот. Со нив уште подобро знаел како да се справи како играч во дресот на Југославија.

Јапонците упорно се однесуваат како Јапонци

Оваа појава е забележана за време на Мундијалот во Бразил, каде што немаат никаква обврска да се однесуваат ни најмалку јапонски. Сликата е по крајот на натпреварот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Јапонија.

Достоен пораз за БиХ

Фудбалерите на Аргентина се изнамачија против дебитантот на ова Светско првенство кој му пружи голем отпор на јужноамериканскиот состав. На стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро „Гаучосите“ славеа со 2:1.

Бензема го реши Хондурас

Фудбалската репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот Хондурас во групата Е на Мундијалот во Бразил. На другата пресметка Швајцарија со пресврт се избори за три бода против Еквадор.

Гордиот Албион на колена пред Аѕурите

Со головите на Маркизио и Балотели, Италијанците ја добија мега пресметката против Англија во најтешката група на Мундијалот и направија многу важен исчекор за пласман во следната фаза.

Прва сензација на СП 2014

Се случи првото големо изненадување на 20 Светско фудбалско првенство во Бразил. Фудбалерите на Коста Рока со фантастичен пресврт стигнаа до голема победа против Уругвај во “групата на смртта“.

Колумбија ја покажа силата против нашиот сосед

Фудбалерите на Колумбија ја оправдаа фаворитската улога и без многу тешкотии славеа убедливо над Грција со 3:0 на првиот меч од третиот мундијалски ден во Бразил.

Чиле триумфално против Австралија

Алексис Санчес и Хорхе Валдивија се запишаа во историјата на Светските првенства откако во 12 и 14 минута му донесеа водство на својот тим кој славеше со 3:1 во синоќешниот трет меч од вториот мундијалски ден.

Глупавиот Рамос и пијаниот Коке

Вечерашниот дуел помеѓу Шпанија и Холандија е мега пресметката од вториот ден во Бразил. Светските шампиони везат со топката, но еден од нив е жива комедија на Твитер каде ги меша Сан Антонио Спарс со Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.

Двете лица на Мундијалот

Триумфот на домаќинот над Хрватска не успеа да ги израдува сите Бразилци. Стартот на планетарниот спортски собир за демонстрантите не претставуваше никакво задоволсто, туку само гнев кои го изкажаа на десетина километри од стадионон Сао Паоло. Додека Нејмар и дружината прославува победа, на улиците играа пендреци врз луѓето кои повеќе се за борба против сиромаштијата отколку за фудбал.

Како Јапонецот се сожали со домаќините

Хрватите не беа далеку од задоволителен бод против Бразил на отворањето на Мундијалот, но тоа го спречи џокерот на домаќините Јуичи Нишимура.

Лекот за Бразил го има Заир

Африканската држава која сега го носи името Демократска република Конго има одиграно само еден Мундијал, оној во 1974 година. Фудбалерите беа бесни затоа што не добија ниту денар од државата за сензационалното учество. Ги загубија сите три натпревари со гол разлика 0:14, од кои 9 примија од Југославија, а бесот го историја со изведување на слободен удар кој не беше досуден за нив.

Бразил со непостоечки пенал до победа

Домаќините победнички го отворија 20 Светско фудбалско првенство благодарение на двата гола на Нејмар и погодокот на Оскар во последните мигови, но мечот го расипа јапонскиот судија Нишимура кој му подари пенал на домаќинот при резултат 1:1.

Време е за светската фудбалска треска

СП Бразил 2014 ни беше омилениот таг изминативе месеци. Анализиравме, копавме по историјата, објавувавме видеа и дробевме за сè што е поврзано со спортскиот настан број 1 на кој последен пат се радувавме пред четири години во Јужна Африка.

Загревање со головите на најдобрите

Од 32 селекции листата на врвни играчи од кои се очекува многу во Бразил може да биде чаршав долга, но ние решивме да ја скратиме на неколку звучни имиња од кои најмногу ќе зависат резултатите на нивните земји.

Американците ќе летаат 14.326км над Бразил

Домаќинот на Мундијалот е петта најголема држава во светот, а големата оддалеченост на стадионите се причина за долгите летови кои ги очекуваат сите 32 земји учеснички. Германскиот весник „Bild“ им пресмета на сите репрезентативци колкав пат ги чека само во првата групна фаза. Најмногу ќе дремат во авион момците на Клинсман, а најмалку Белгијците.

Хрватска е бавна, Модриќ и Ракитиќ мора да држат посед на топка

Повеќето од нашите репрезентативци се на врвот, со искуство од играње на големи натпреварувања, имаат одлични сезони зад себе, полни се со самодоверба и се надевам дека се свежи и физички подготвени за напорот и особено ваквите климатски услови.