Велат дека формата е привремена, но кога станува збор за натпреварување како Светското првенство кое трае неколку недели, тогаш овој фактор може да биде клучен за успех.
Бразилците се поделени околу одржувањето на Мундијалот. Едните ќе урлаат од радост на 12 јуни, а другите можно е да урлаат на протести. Едни прават графити за потребите на репрезентацијата, а другите за да и кажат на ФИФА дека наместо стадиони, попаметно е со милијардите да се намали сиромаштијата и да се градат болници и школи.
Марилза Гимараеш да Силва својот дом го претвори во храм на бразилскиот фудбал. 63-годишната навивачка го има обоено својот автомобил, целиот дом, па дури и тоалетот во боите на Бразил.
Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.
Големите спортски ѕвезди имаат огромни плати, но некои од нив заработуваат многу повеќе надвор од терените прифаќајќи секакви понуди за да рекламираат сè и сешто.
Бразилците се спремија за Мундијалот со атрактивен шарен Боинг, а Французите ги мачат лоши спомени од Јужна Африка и се обидуваат да ги избришат, па се решија да го уништат автобусот за да не им носи малер.
Лудилото почнува за 16 дена, а креативните домаќини од превозот си направија неочекувана атракција. Боингот 737 со кој ќе летаат, го бојадисаа како детска играчка. Целта им било да ја претстават културата во Бразил преку најразлични лица, а делото е на двајца махери за уметнички дела кои работата ја завршиле за една недела со 1200 лименки спреј.
Многу неутрални навивачи имаат симпатии спрема помалку моќните клубови, кои со срце, многу работа и тимска игра стигнуваат далеку, како што беше случајот со Атлетико. Но оваа шпанска приказна која е удавена во долгови, тешко дека ќе ја видиме во исто руво и наредната сезона.
Еден од најдобрите дефанзивци на планетата, Диего Годин од Атлетико Мадрид кој во моментов е проценет на преку 20 милиони евра, пред 11 години како неталентиран фудбалер бил продаден за само 1.600 денари.
Фудбалската репрезентација на Македонија по бледо издание загуби на пријателски натпревар во Австрија против репрезентацијата на Камерун која ќе учествува на Светското првенство во Бразил.
Со скокот на Роналдо мислевме дека не може никој, но пазете го сега поранешниот фудбалер на Евертон кој успеа со глава да се одрази повеќе од голманот на Јужна Африка со раце.
За него знаете дека до сега освои 21 трофеј со Барселона, дека е рекорден со четири „Златни Топки“, дека со дневната плата може да си купи порше, но веројатно не знаевте дека како дете можел да жонглира со портокал над 100 пати.
На денешен ден во 1999-та година се одигра финалето на Лигата на шампиони со една од најдраматичните завршници во историјата на фудбалот по која Манчестер Јунајтед го победи Баерн Минхен со два гола во судиското продолжение.
Французинот на клупата на Рома, Руди Гарсија носеше Гугл глас за време на второто полувреме од пријателскиот натпревар на неговиот тим и Орландо и го сними единствениот гол дело на Тоти. Дел од снимката Рома ја објави на својот Јутјуб канал за навивачите да можат да почувствуваат како e да си тренер на клубот.
Како изгледа кога американска спортска новинарка треба да прочита обична графика со бројот на титули освоени од мадридските гиганти како најава за финалето од Лигата на шампионите. Девојко, батали фудбалот, глеј си таму бејзбол и кечери.
Само 120 секудни го делеа Атлетико Мадрид од титулата, но Рамос израмни во 93-та минута, а по продолженијата Реал Мадрид славеше со 4:1 и ја освои својата десетта европска титула.
Финалистите во најелитното клупско европско натпреварување патуваа осум месеци и одиграа по 12 натпревари за да го заверат најпосакуваниот билет. Ова ќе биде прва мадридска пресметка во завршницата, 13-то финале за фудбалерите на Реал Мадрид и само второ за Атлетико.
Казорла, Ледесма, Мартинс, Ди Натале, Санчез, Ван Перси... се дел од мајсторите кои изминатава недела се истакнаа со своите ремек-дела и заслужија место на листата од десетте најдобри голови на неделата.
Лигата на шампионите не е џабе кажано дека е најелитно и највозбудливо клупско европско натпреварување. Ќе ви ги вратиме спомените во 90-те кога финалињата ги красеа јунаците Савичевиќ, Бобан, Куман, Шерингам, Солскјер, Клајверт, Југовиќ...