Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше во фокусот на вниманието поради изјавата дека по продажбата на Чаби Алонсо во Баерн сега ќе мора да почне од нула.
Кога веќе се дозна дека причините не биле до тренерот, шпанскиoт медиум Estrella Digital тврди дека сопругата на поранешниот шпански репрезентативец дознала за неговата романса со пеачката Лурдес Ернандес и го условила или да заминат во Минхен или да се разведат.
Во ситуација кога сакал да го спаси бракот од кој има три деца, Чаби Алонсо ја прифатил понудата на германскиот шампион и ја послушал сопругата Нагоре Арамбуру.
„Ќе ми биде големо задоволство да соработувам со Пеп Гвардиола и од таа причина решив кариерата да ја продолжам во Баерн Минхен", изјави Чаби Алонсо веднаш по потписот за баварците.
Целата приказна предизвикала внимание по новата песна на Лурдес, насловена „Чабиер" (правото име на Алонсо), иако пеачката негирала дека песната е посветена на фудбалерот. Лурдес настапува под името Russian Red.