ФК Зенит и 20th Century Fox го договорија трансферот на цртаниот карактер во Русија, по што Бартоломеј Џо Џо Симпсон (Барт), ќе го облече дресот со број 87, годината во која за првпат се појави цртаниот филм „Симпсонс“.
Откако пристигнал во Санкт Петербург, Барт Симпсон успешно ги поминал медицинските прегледи, а во текот на утрешниот ден ќе го одржи и првиот тренинг на кој ќе се запознае со новите соиграчи.
„Среќен сум што ми се оствари сонот да го облечам дресот на тимот за кој навивам од кога гледам фудбал. Се надевам дека ќе ја вратиме титулата на нашиот стадион, а со успех ќе играме и во Европа“, изјавил Барт Симпсон, веднаш по претставувањето на „Петровски“ стадионот.
Своето деби во синиот дрес на „гаспромците“, Барт ќе го има за две недели кога Зенит го пречекува лутиот ривал, Динамо од Москва.