Фудбал

Со еден куршум два зајци

Постирано е на јутјуб на 1 април 2011 година, но не е лага, Меси и сè е можно.

Најубавите мартовски голови

Јевген Конопљанка, Хуан Мата, Оливие Жиру, Марселињо и 26 други фудбалери го одбележаа третиот месец од годината кога најубавите голови се во прашање. Нашиот глас оди за Самир Фазли од швајцарскиот Вил 1900.

Насилното видео кое го криеа Грците

Лудата снимка е од грчки аматерски меч меѓу екипите на Астерас и Херкулес одигран во 2013 година, а според 101greatgoals не требала да се објавува. Денеска се појави на јутјуб со комична музика.

Најпотребните голови со глава

Иако не е период кога се играат финалиња, УЕФА преку својот јутјуб канал денеска не потсети на моменти кога Ивановиќ, Силва, Фалкао, Меси, Роналдо, Гулит.....беа најснаодливи во шеснаесетник за време на некои финалиња одиграни под капа на Европската куќа на фудбалот.

Стадионот на Бурса е во облик на крокодил

Турскиот прволигаш Бурсаспор носи прекар „Зелени Крокодили“. Кога дојде време да градат нов стадион се решија за облик на гигантски крокодил.

Најжестокото мадридско дерби се игра во Лесковац

Големите градски ривали од Шпанија не водат битка само на Сантијаго Бернабеу и Висенте Калдерон, туку ги има и на 160 км северно од Скопје. Во оваа верзија претседателот на Реал истовремено им е шофер на играчите, а се обидува ривалите да ги потплати со мито од 20 евра да глумат дека се болни.

Женско лактање во шеснаесетник

Кај мажите сме навикнати да гледаме гужви во 16 метри, но не и кај жените. Во тоа нè демантираа Фреда Ајиси од Бирмингем и голманката на Сити, Карен Бардсли. Епилогот е црвен картон за црномурестата Ајиси, која играше и за Арсенал.

Руни жали што не играл со Ширер

Пред пријателската со Италија вечерва во Торино, Вејн Руни изјави дека најголема желба како млад му била за репрезентација во напад да игра со Алан Ширер. Од Хески и Дефо до Бент и Крауч, Руни сменил 10 ортаци во нападот.

Како Холандија загуби верба во фудбалскиот татко

Жално е кога човек го руши својот авторитет граден со години. Чекор по чекор тоа му се случува на холандскиот селектор Гус Хидинк, за кого Роман Абрамович вложи крајни напори да го донесе во Челси во 2009 година. Гус некогаш беше магионичар, а сега никој не му верува.

Алексис Санчез жонглира со главица лук

Додека неговите колеги патуваа низ Европа на квалификациски натпревари, Алексис со Чиле играше против Бразил во Лондон. Времето го искористи и да покаже дека знае да жонглира со жаба, со грејпфрут, со мало топче и со лук.

Реми без голови со Кенгурите, Филип Втори празен

По квалификацискиот пораз од Белорусија во петокот, македонските фудбалери вечерва во Скопје одиграа 0-0 против Австралија во пријателски натпревар.

Славјето на будалиот претседател на Монпеље

Иако има 71 година, на Луи Николен уште му се прават будалаштини. Викендов францискуот прволигаш Монпеље славеше роденден, а главен во диско беше он.

Голман на денот

Има одличен голмански рефлекс, фантастичен процент на одбрани, 11.000 следбеници на јутјуб, а местото на живеење му е во Јапонија. 

Каде исчезнаа Италијанците од Премиер лигата?

Во пресрет на пријателската Италија - Англија утре вечер во Торино, англиските медиуми со носталгија се навраќаат на времето кога фудбалерите од Апенините играа голема улога во развојот на англискиот фудбал.

Надал: Имам проблеми со главата

Пет порази на шест турнири, последниот синоќа од Вердаско во Мајами. Шпанецот губи од противници против кои порано се шегуваше на терените и сега едвај чека да почне сезоната на земја. Не е веќе трет во светот, а му се заканува нов пад на листата.

Кога Поборски го спречи Вардар да испише историја

Славниот чешки репрезентативец кој денеска полни 43 години, се прослави како играч на Манчестер Јунајтед и Лацио и е рекордер со 118 настапи за репрезентација. Свеќи сигурно нема да му дуваме после тоа што ни го направи на Градски.

Спортинг - Бенфика, дефиниција за тензија

Дербито на португалските гиганти има 100 годишна историја која го дели Лисабон на два дела, црвено и зелено бел. „Кралот“ Еузебио бил дете на Спортинг, а потоа станува икона на вечниот ривал Бенфика, која има најмногу навивачи во медитеранската земја.

15 годишен Хрват го импресионираше Гвардиола

Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.

На Хондурас му пуштија друга химна

Аргентина викендов го совлада Хондурас 2:0 на пријателски натпревар одигран во Хјустон. Дека не им е вечерта, фудбалерите на Хондурас сфатија уште при интонирањето на химните кога ја слушаа химната на островот Изл оф Мен.

Најубавите голови од корнер

Кога се зборува за гол од корнер, прв кој ни паѓа на памет е Артим Шаќири. Освен легендарниот македонски репрезентативец кој во 2002 година го замолкна Саутемптон, голови од корнер даваа и многу други играчи ширум светот. Еве ги најубавите.

Возот е идеален за навивачки испади

Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.

Пит булот Гари Медел го згазна Нејмар

По дебаклот на Мундијалот во нивната земја, Бразилците редат победи. Денес во Лондон во пријателски меч го совладаа Чиле 1:0, со голот на Фирмино. Во текот на мечот фудбалерот на Интер, Гари Медел намерно го згазна Нејмар и не доби црвен картон.

Како се мотивираат кога знаат дека на Руни му даваат 300.000 фунти неделно?

Англија ја има најскапата фудбалска лига во светот каде минатата сезона последно пласираниот тим само од тв права заработи 74 милиони евра. Тоа делува депремирачки за нисколигашите.