Малерозното деби на Меси од 43 секунди

Младиот 18 годишник дебитираше за аргентинската репрезентација пред точно 10 години, но со лактот направи сличен потег како Дарко Панчев против Данска и уште неиспотен го пратија во соблекувална.

Десет годишната неуспешна репрезентативна кариера на Меси почна на стадионот Ференц Пушкаш во Будимпешта на пријателскиот меч меѓу Унгарија и Аргентина 1:2.

Тогашниот селектор Хозе Пекерман му даде шанса на талентот на Барселона да дебитира за сениорската репрезентација на 18 години и го пушта во игра во 19 минута од второ полувреме на местото на Лисандро Лопез.

Уште незагреан Меси веднаш прими топка од Берарди и со неговиот препознатлив трк тргна кон голот на Унгарците. Дефанзивецот Вилмос се обиде да го повлече за дрес, а Меси ненавикнат и неискусен на притисок и груба игра со удар во лице сакаше да се ослободи од него.

Германскиот судија Маркус Мерк беше во близина и без двоумење му извади црвен картон за намерниот фаул и со тоа му го прекина дебитантскиот настап по само 43 секунди.

„Срамота, нема да ме убедат никогаш повеќе да заиграм за репрезентација“, изјави во солзи младиот Меси.

Дебито на екстра талентот сите го чекаа, а весниците резултатот од средбата го ставија во втор план. Насловите се однесуваа на малерозните 43 секунди на Меси кој и ден денеска се нема израдувано за Аргентина со трофеј.

18 август 2015 - 11:40