Навивачите на Брентфорд и Лејтон Ориен во 2010-та договорија тепачка на Фејсбук и се најдоа на улица „Ливерпул“ во Лондон. Камерите тоа го забележаа и меѓу англиските навивачи открија и еден фудбалер.
Се работи за Ден Велс кој тогаш настапувал за друга екипа, но се тепал на страната на Брентфорд каде и ја има почнато кариерата. Тој беше осуден на 12 месечна затворска казна, а му беше забранет и влез на стадион.
Велс беше пуштен на слобода по само шест месеци, а две години не му беше дозволено да оди на стадион но само како навивач. Кариерата ја продолжи во уште два помали клуба, а од минатата година стана член на Стивениж кој го купи за 25.000 фунти.
Нов тренер од оваа сезона на англискиот четвртолигаш е Теди Шерингам, а Велс го очекува натпревар против Лејтон од кои има лоши спомени поради жестоката средба со навивачите.
„Не би обвинувал никој друг за случката, тогаш имав 25 години и знаев добро што правам. Не сакам да кажам дали беше потребно да ме стават во затвор, таа шлаканица од шест месеци ми беше тешка, но ми помогна да ја разбистрам главата“, вели Де Велс.
Тој лани беше стандарден играч за Брентфорд и одигра на 43 натпревари. За време на фудбалската кариера има работено истовремено и како хигиеничар во школо.
За мечот со Лејтон на Твитер призна дека е нервозен и се надева дека навивачите ќе бидат љубезни со него.