Физиотерапевтите за време на натпревар имаат работа само ако некој се повреди, инаку не мрдаат од клупа 90 минути. Овој во Бразил решил поинаку да игра.
Четврти пат во квалификациите за ЕП 2016, нашите фудбалери го напуштија теренот со спуштена глава. Сепак, ни тоа не го демотивира селекторот Бошко Ѓуровски, кој вели дека квалификациите не се завршени.
Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.
Полупразни трибини, врнежливо време, четврти пораз за Македонија по пет одиграни кола на квалификациите за ЕП 2016 кои се веќе завршена приказна. На арената „Филип Втори“ атмосферата беше како во театар. Се слушаше само скандирањето на околу 50 Белоруси кои допатуваа во Скопје и си заминаа со победа.
Ако не ги биваше за фудбал и ако работеа по струка дел од хрватските репрезентативци сега ќе поправаа телевизори, ќе служеа пијачки, ќе местеа плочки. Но тие се фатија за тоа што веројатно најмногу ги бива и тоа што ќе им донесе рана пензија и преполна сметка со милиони.
Струмичанецот не може без Италија. После Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи, сега сака да живее и да игра фудбал во Џенова. Му фали и Чезаре Прандели кој доби отказ во Истанбул.
Капитенот на Челси за 17 години играл во одбраната со двајца светски прваци, со најлошиот фудбалер во Премиер лигата на сите времиња и со затвореник од Уганда.
Поранешниот селектор на Србија на кој му тргна како тренер на Сампдорија, гостуваше на Скај каде објасни како се кршат чаши на народно и како се гаѓа од кров директно во базен.
Во рамките на 5. коло од нашата група Ц, Шпанија вечерва ја пречекува Украина во Севиља. И двете репрезентации имаат по девет бодови на второ и трето место. Кога играат во Севиља Шпанците редат само победи.
Голем број фудбалери играат за репрезентацијата на земјата во која не се родени. Некогаш тоа е избор на срцето, некогаш од убедување, а секогаш мотив за бурни дискусии.
По натпреварот меѓу Виторија и Патерно во сицилијанската регионална лига, фудбалерите на двата тима се степаа во соблекувалните. Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија изрече вкупно 59 кола суспензија за учесниците во тепачката.
Пред десетина дена во Азија почна квалификацискиот циклус за Мундијалот во Русија, а најголема вест беше кралството Бутан, претпоследната репрезентација на ФИФА која победи за прв пат во својата историја. Да ѕирнеме што се случува со квалификациите на Карибите.
Капитенот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Чави ја прифати богатата понуда од катарскиот Ал Сад, каде ќе игра во наредните три години. Во Ал Сад веќе играше Раул Гонзалес.
Во најниските фудбалски лиги ретко имаме увид што се случува, бидејќи таму нема камери, па чекаме некој да фати нешто со телефон и да го закачи на јутјуб. Оваа епизода е од Србија каде играчите и судијата најдобро е да влезат цели во машина за перење.
Група студенти од Индонезија се решија да се пробаат на мал фудбал. И ништо немаше да биде чудно да не одлучеле место фудбалска топка да користат кокос запален со керозин.
Дуелот меѓу Ле Блус и Селекао никогаш не ја разочарал публиката. Минатото донесе моменти како голот на Роберто Карлос од слободен, двата со глава на Зидан во финалето на СП и сомнителниот пенал на Белон. Вечерва играат пријателска на „Стад де Франс“ во Париз.
Откако Реал Мадрид одби финалето на Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу, шпанската јавност две недели дебатираше за тоа каде Билбао и Барселона ќе се борат за пехарот од Кралскиот куп. На крајот се изгласа Камп Ноу.
Македонската фудбалска репрезентација го игра петтото квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски ќе се обиде слабата реализација во напад да ја корегира со неколку измени во тимот.
Фудбалската репрезентација на СФРЈ пред 23 години се сретна со Холандија во Амстердам, а тоа беше всушност последниот меч на големата фудбалска сила со многу легенди која можеше далеку да стигне на следното Европско првенство во Шведска.
Постојат шутеви од слободен удар за кој не помага ни жив ѕид, ни голман. Таков беше оној вчера на Ерменецот Артем Симонјан кој ги постави конечните 2-2 на пријателската меѓу Ерменија У21 - Латвија У21. Симонјан игра во Зенит.
Белгискиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Дрис Мертенс на интернет видел фотографија од едно африканско училиште, на која едно од децата го носи неговиот дрес со број 14. Играчот од средниот ред сега сака да го запознае малиот.
Во квалификациите за ЕП 2016, Англија во петок ја пречекува Литванија, а во меѓувреме на тренинг на Гордиот Албион му гореа рацете на Џо Харт. Единицата на Манчестер Сити се справуваше со бомбите на Руни, Велбек и Хари Кејн кој ќе дебитира за Англија.
Фудбалерите од Јужна Африка честопати знаат да заглават предолго со прославување на голови и да прават салта и разни танци. Тоа се покажа ризично и неисплатливо кога се сретнаа две екипи од Замбија и Мозамбик.