Фудбал

Руни, Велбек и Кејн vs Џо Харт

Во квалификациите за ЕП 2016, Англија во петок ја пречекува Литванија, а во меѓувреме на тренинг на Гордиот Албион му гореа рацете на Џо Харт. Единицата на Манчестер Сити се справуваше со бомбите на Руни, Велбек и Хари Кејн кој ќе дебитира за Англија.

Долга прослава на гол не е на арно

Фудбалерите од Јужна Африка честопати знаат да заглават предолго со прославување на голови и да прават салта и разни танци. Тоа се покажа ризично и неисплатливо кога се сретнаа две екипи од Замбија и Мозамбик.

Венгер преживеал 156 тренерски смени во Премиер лига

Французинот го води Арсенал од септември 1996 година, а од тогаш до денес во Премиер лигата имало дури 156 смени на тренери. Најдобрите клубови смениле најмалку по двајца тренери, а Венгер трае до денес и по тоа е најблизок до Сер Алекс Фергусон.

Џеко е најголема ѕвезда на Црна Гора

Во пресрет на квалификациските мечеви за ЕП 2016 кои почнуваат во петок, руските репрезентативци требало да отворат Википедија со инфо за фудбалската репрезентација на Црна Гора.

Спрејот не е за секој судија

Го воведоа како многу практична работа, за фудбалерите да не можат да “крадат“ кога стојат на жив ѕид. До сега го користеа главните судии и сè си одеше регулар се додека не се појави видеово кое го пуштивме на рипит и се кезевме во редакција.

Спортска дрскост на Клод Макелеле

Пред четвртфиналето на СП 2006 меѓу Франција и Бразил, со голема почит за противникот зборуваа Зинедин Зидан и Тиери Анри. Не и Клод Макелеле.

Тешка маршута до Франција 2016 за фаворитите

Во петок се играат квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година во Франција. Од почетокот до сега слаб ефект имаат Германија, Шпанија, Холандија и Португалија.

1,25 милиони евра неделно во џебот на Меси

Четирикратниот освојувач на Златната Топка не го доби ова признание минатата година, но не веруваме дека тагува. Во 2014-та тој е господин 65 милиони евра.

Насилните навивачи во најдипломатскиот град во Европа

Во споредба со нив, навивачите на Феенорд и Ајакс се господа. Живеат во градот кој важи за симбол на судството, а во исто време се антисемити, насилни и опасни.

Конте повика напаѓач кој има повеќе жолти картони од голови

Напаѓачот на Сасуоло ќе биде стартер за селекцијата на Италија која се подготвува за квалификациски меч против Бугарија, а Газета дело Спорт напиша: Може ли фудбалер кој изминативе две години добил повеќе жолти картони отколку што дал голови, да го води нападот за репрезентација?

Цепелин за четири поени

Во НБА ова до сега не сме го виделе, а изводливо било. Сем Декер кој настапува за универзитетот Висконсин успеа со едно забивање два пати да поентира. Да, два пати.

Ова е Еибар

Преку интервјуата на навивачите, претседателот на клубот, новинар на СиЕнЕн, Чави Алонсо и уште неколку луѓе уживајте во 14 минутната приказна за најмалиот клуб со најмал стадион и со најмал буџет кој некогаш заиграл во шпанското првенство.

Моџи не оди во затвор, а Јуве си ја бара назад титулата

Поранешниот претседател на Јувентус, Лучано Моџи е ослободен од две обвиненија во врска со аферата Калчополи, а третата е отфрлена поради застареност.

(Р)еволуцијата на Барселона низ фотографии

Со доаѓањето на претседателот Лапорта и тренерот Рајкард во 2003 година, каталонскиот клуб стана синоним за најдобар европски модерен фудбал. Под водство на Рајкард и Гвардиола и со некои од најдобрите фудбалери што овој спорт ги видел некогаш, Барселона по ред ги освојуваше ЛШ и ЛЕ.

ТОП 5 голови со ножички во Франција

На евроголови со ножички нè навикнаа Бразилците, но подзаборавивме дека и во Лига 1 паѓаат такви ефектни голови. Некогашниот фудбалер на ПСЖ и Кан, Лоран Лирој е еден од најдобрите изведувачи на ножички.

Двајца се караат, голманот користи

Во кинескиот клуб Гижу Ренхе или не се договараат кој да биде пеналџија во тимот или капитенот нема авторитет. Криштоф Мачински ја зема топката за да го изведе ударот од 11 метри, но инает му тераше Рикардо Сантос. Од ситуацијата профитираше противничкиот клуб Шангај Шенксин.

Платини реизбран за претседател на УЕФА

Поранешниот фудбалер на Јувентус стана прв човек на европскиот фудбал во 2007 година, а денес во Виена доби нов мандат во кој борбата против расизмот и хулиганите ќе му биде главна цел.

Катар ќе го повика ли овој во 2022 година?

Доминих Строх е ликот кој не спиеше изминатиов викенд после порзот на неговиот тим Дармштад од Фортуна Диселдорф, бидејќи со левата реагираше аматерски. Тоа не потсети на најјаката завршница со лева нога.

Нема спас од волеј на прва

Флоријан Дик од Кајзерслаутерн уште еднаш ја потврди тезата дека добро зафатениот волеј од прва не може да го одбранат ни двајца голмани. Особено ако ви легне од корнер.

УЕФА: Со седмо место нема Европа

Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино изјави дека ако Фиорентина или Наполи ја освои Лигата на Европа, од тоа нема да профитира уште еден италијански клуб кој би се квалификувал на меѓународна сцена.

Повредените играчи најмногу пари однесоа во Европа

Од програмата за заштита на ФИФА најмногу инкасираа англиските клубови кои ќарија 13,1 милиони евра.

Дали е Жиру најдобар напаѓач во Премиер?

Откако Жиру даде два гола против Њукасл, Арсен Венгер го испофали францускиот напаѓач и изјави дека тој е најдобриот центарфор во Премиер лигата. За тоа треба да се провери статистиката, која не го промовира Жиру во најдобар голгетер во лигата

Се бара затворска казна за првите луѓе на Барселона

Обвинителството од Шпанија побара казна затвор од вкупно 9,5 години за двајцата претседатели на каталонскиот клуб за случајот со Нејмар.