Најслатките 14 милиони евра на ЦСКА Москва

Челните луѓе на рускиот тим направија супер бизнис зделка од фудбалер кој замина во Серија за пари, а по само шест месеци го пратија без пари. Клубот кој загуби во случајов е Рома.

За време на минатиот зимски преоден рок, Рома одлучи да го засили нападот со напаѓачот од ЦСКА Москва Сејду Думбија, а трансферот на фудбалерот од Брегот на Слоновата коска изнесуваше 14,4 милиони евра.

Думбија се покажа како голема утка на Олимпико каде одигра само 13 меча и постигна два гола против Џенова и Сасуоло.

Со него во рускиот состав немаат такво искуство затоа што 27 годишниот напаѓач кој претходно настапуваше за ЦСКА од 2010 година на 95 натпревари постигна 61 гол.

ЦСКА Москва и Рома сега постигнаа нов договор, а тоа е позајмица за Думбија која ќе важи до крајот на 2015 година и за која Русите не треба да им исплатат на Италијанците ниту едно евро.

Тој ќе го носи дресот со број 88 кој претходно го носеше во Москва и веднаш ќе биде ставен на листата на играчи кои ги очекува двомеч против Спортинг во плејофот од Лигата на шампионите.

11 август 2015 - 11:28