Фудбал

Бразил ги изгради стадионите за Мундијалот

Домаќините на минатото Светско првенство беа многу спори во спремањето и ФИФА неколку пати им го помести рокот за изградба на стадионите. Некои од нив ги комплетираа сега, 10 месеци по Мундијалот.

Карло ми е како татко, се надевам нема да ми залепи фластер

„Видовте ли што направи Пирло? Само гениј може да го направи тоа", изјави Анчелоти за неговиот паненка гол од пенал против Англија на ЕП 2012.

Гол на колото во 95-та минута за финале

Фудбалерите на Чорли беа многу блиску до елиминација во полуфиналето од плејофот за влез во петтата англиска лига, откако по ремито 0:0 на домашен терен, губеа 2:0 на гости од Бостон Јунајтед. Во 56 минута постигнаа гол за надеж која ја имаа се до последните секунди, кога во шеснаесетникот јуначки реагираше Адам Роскоу.

Тажниот ден на југословенскиот фудбал во Сплит

Три збора од спикерот на стадионот беа доволни сите присутни да се расплачат на денешен ден пред 35 години кога се прекина дуелот Хајдук Сплит - Црвена звезда. Причина беше смртта на Јосип Броз Тито.

Буенос Аирес го преживеа првото Суперкласико

Во првиот дел од трилогијата „Суперкласико“, Бока Јуниорс го совлада Ривер со головите на тандемот Павон-Перез во финишот. По дербито во првенството, во петок нè очекува второто дерби, а прво од полуфиналето на Копа Либертадорес.

40 голови за 40-ти роденден на Бекам

На денот кога својот роденден ќе го прослави во Маракеш (Мароко), Дејвид Бекам за прв пат се појавил на Инстаграм и им се заблагодари на сите за честитките. Неговите верни фанови на ЈуТјуб објавија видео со 40 голови на Бекс за Јунајтед.

Гол на Абдурахими и последен поздрав за Мертенс

Македонскиот репрезентативец, Бесарт Абдурахими по долга пауза успеа да постигне погодок за Локерен кој загуби на гостувањето од Вестерло со 4:3.

Не издржа срцето на соиграчот на Абдурахими

По три неизвесни дена, почина белгискиот фудбалер Грегори Мертенс кој доживеа инфаркт на сред фудбалски натпревар.

Синхронизиран кикс на Родригез и Коентрао

Покрај бомбата на Родригез и нервозата на Роналдо зашто не даде вчера гол против Алмерија, навивачите на Реал Мадрид го зборат и неочекуванот аут на фудбалерите на Реал Мадрид.

Коктел од евроголови во Серија А

Филип Мексес, Марко Пароло и Лукас Подолски од дистанца, Тевез и Флоренци од парабола и Пиниља со ножички ги постигнаа најубавите голови во 33. коло во Италија.

Интерпол бара поранешен играч на Реал

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фреди Ринкон е осомничен за криминал со дрога во Панама.

Адеми ја спука со Мамиќ

Хрватските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец реагирал бурно и го искинал дресот кога тренерот одлучил да го извади од игра.

Пак настрада автобусот на Фенербахче

Поминаа само 26 денови од нападот врз клупскиот автобус на Фенербахче во Трабзон, а тој повторно страдаше, овој пат во Бурса. Фенербахче славеше 1:2 во полуфиналето на Купот против истоимената екипа. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Галатасарај и Сиваспор.

Три клуба, три различни света во Истанбул

Европските фудбалски лиги влегуваат во финишот, а трката за титулата по сè изгледа најдраматична ќе биде на Босфорот, каде рамноправно се бркаат Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче.

Навивач го сними голот на колото

На една минута пред крајот на првото полувреме, трпелив навивач на Реал Мадрид го нишанеше со телефон голот на Алмерија во вистинскиот момент, кога Хамес Родригез ја распали бомбата со лева.

Левицата на Хамез кобна по Алмерија

Реал Мадрид во чекор ја следи Барселона. Кралевите вечерва со 3-0 ја победија Алмерија, а гостите прв ги начна Колумбиецот со ефектен гол.

Чудни фудбалски терени

Не знаеме колку е верна приказната за игралиште во Кратовско, каде теренот бил толку кривоаголен што кога напаѓачите ќе ја загубеле топката пред противничкиот гол, му викале на својот голман „Идат“! Но знаеме за терен со големо дрво на средина во Бразил и страшно крив терен во Германија.

Борбата за гол живот во романскиот фудбал

По 16-годишен спор Војската на Романија ѝ го одзема на Стеауа името, грбот и боите. Тоа се одрази на екипата, која во јануари имаше 12 бодови предност, а сега на пет кола пред крајот едвај ја чува лидерската позиција од провинцискиот Таргу Муреш.

Карпе Дием - верувај во пласман во Серија А

За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.

Како ќе изгледа фудбалот во иднина според Мурињо

Според визијата на Специјалниот, фудбалот во иднина ќе се играл без голови, само на зелена трева и ќе победи тимот што има поголем посед на топка.

Баерн промаши четири пенали, Дортмунд е финалист на купот

Лам и Алонсо се лизнаа пред шутот, Лангераг му одбрани на Геце а Ноер погоди пречка. Јирген Клоп ќе игра финале на германскиот куп пред да си замине од Борусија Дортмунд и се надева дека ќе го вози автобусот на прославата.

Во Челси никогаш не е досадно

За време на дербито Арсенал - Челси, домашните навивачи скандираа дека Челси бил досаден. Дидие Дрогба постираше видео со кое ги демантираше Топџиите.

Алмерија има 31 или 28 бодови?

Според табелата во шпанската Ла Лига, клубот од Андалузија има 31 бод и во моментов е спасен од испаѓање. Но според шпанската федерација има 28 и може да испадне. Проблемот е во конфликтот на двете страни.